Home » Во фокусот » Билоборди кои мирисаат поставени во Белград

Билоборди кои мирисаат поставени во Белград

Благодарение пред се на маркетинг агенцијата Wild Communication, почнувајќи од 1 април оваа година, белграѓани имаат можност “Турција“  да ја запознаат преку нов, иновативен и атрактивен концепт на комуницирање преку светлечки билборди кои испуштаат мирис.

Билборди кои мирисаат | Турција

Имено, како што пренесува порталот Маркетинг Мрежа, во централното градско подрачје на Белград на три локации се поставени првично три билборди кои за прв пат во Белград и Србија покрај веќе познатите аудио-визуелни ефекти ќе бидат придружени и со автентичен турски мирис.

Ова е прв пат “Турција“ да се определи за промоција на ваков начин. Креативната замисла е на агенцијата Wild Communication додека техничката реализација е дело на DPC Multivision.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Marketing365 Marketing365 Marketing365