Home » Маркетинг & Адвертајзинг » ВИА Маркетинг го промовираше новото лого

ВИА Маркетинг го промовираше новото лого

 

via-logo-700x325 1

ВИА Маркетинг по пет години постоење официјално го објави ребрендирањето на логото на компанијата кое е инспирирано од римскиот број 5, V како победа и А како нов почеток, успех.

ВИА маркетинг во Македонија е позната по необичните промотивни материјали, рекламни сталажи, мегабалони поставени во градските центри, уникатни маркетинг-подароци кои компаниите ги користат во своите маркетинг-цели.

“Пред 5 години во Македонија донесовме промотивни материјали кои навистина го изменија и освежија начинот на кој компаниите ги реализираат своите маркетинг цели. Во Македонија сме добро познати како единствена компанија која располага со мега балони наменети за различни видови на промоции. Во изминатите пет години го раширивме пазарот и во соседните земји, Албанија, Косово, Србија и Бугарија.  Денес го најавуваме ребрендирањето на логото како заокружување на овие 5 години но и како најава за големите проекти кои следуваат од ВИА”, вели Нино Димков директор на ВИА Маркетинг.

Компанијата е составена од тим на млади ентузијасти кои ги прифаќаат предизвиците и никогаш не знаат да кажат не.

“Успешното ребрендирање  бара многу повеќе од преработено лого, се бара визија и професионалност  која ќе ги инспирира клиентите, инвеститорите, соработниците”, додава Димков.

ВИА Маркетинг успешно работи веќе 5 години. Фокусот на компанијата е насочен кон поддршка на маркетинг-агенциите. ВИА Маркетинг нуди широк спектар на производи, почнувајќи од услуги од типот на веб-дизајн и графички дизајн, концепти, идеи, организација, промоции, па сè до производство и монтажа.

Маркетинг365 им го честита новото лого на ВИА Маркетинг и им посакува успешна и берикетна 2013 година. Поздрав до Нино и Димитар !

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Marketing365 Marketing365 Marketing365