Home » Во фокусот » Интервју со Даниела Лалиќ – член на управниот одбор на Здружението за односи со јавност во Србија

Интервју со Даниела Лалиќ – член на управниот одбор на Здружението за односи со јавност во Србија

Здружението за односи со јавноста на Србија, во периодот од 27 декември 2012 до 18 јануари 2013 година, спроведе истражување насловено како “Истражување на состојбата на професијата односи со јавност во Србија“. Во истражувањето учествуваа 288 испитаници, професионалци од областа на односите со јавност. По тој повод, членот на управниот одбор на Здружението за односи со јавност на Србија, д-р Данијела Лалич, зборува кои се конкретните проблеми на професијата односи со јавност во Србија, но и идните трендови, во која мера се професионалците од оваа област (не)задоволни со соработката со медиумите и клиентите, како и тоа што очекуваат од професионалното здружение.

Што покажува истражувањето – каква е “личната карта” на оние кои се занимаваат со односите со јавност во Србија?

 

– Демографската структура покажува дека во најголем процент испитаниците кои се занимаваат со односите со јавност повеќе од 10 години, преку 50% од нив, се раководители или одговорни за одредени комуникациски дисциплини или одделенија. Од друга страна, на прашањето на кој начин стекнале образование од областа на односите со јавност, дури 55,4% испитаници одговорија дека имаат завршено само неколку месечен курс или курс во траење од неколку дена.

Ако на тоа го додадеме и податокот дека 21,4% од испитаниците се самоуки и немаат формално образование во областа на односите со јавноста, тогаш тоа наведува на заклучокот дека е многу важно што побрзо да се започне со континуирана едукација, како низ формално, така и низ неформално образование. Кога зборуваме за платата во оваа професија, повеќе од 30% од испитаниците не е задоволна со своите моментални примања. Месечната плата на професионалците од областа на односите со јавноста е далеку под европскиот просек.

 

Кои се клучните проблеми со кои се соочуваат оние кои се занимаваат со односите со јавност?

 

– Вработените во секторот за односи со јавност, сметаат дека во општеството, но и во менаџментот, не постои доволно разбирање за значењето на нивата работа (63,9%), а дополнителен проблем е недоволното ниво на образование на луѓето кои се занимаваат со оваа работа (52,4%). Испитаниците сметаат дека за тоа допринесува и непостоењето на стандард и лошиот имиџ на професијата, неразбирањето на односите со јавноста, лошите осноси со медиумите, но и недостатокот на квалитетни кадри на пазарот.

Покрај тоа, испитаниците наведоа дека за успех во областа на односите со јавност се неопходни три клучни вештини: планирање и поставување цели, истражување, идентификување и анализа на трендовите во околината. Меѓутоа, особено занимлив е податокот дека чесноста, креативноста и енергијата се оценети како најважни лични карактеристики на добриот стручњак за односи со јавноста.

Кога е во прашање користењето на медиумите, околу 40% од испитаниците во работата најмногу користат интернет и социјални медиуми. Исто така, истражувањето покажа дека една третина од испитаниците е задоволна со соработката со медиумите, додека една петтина е незадоволна. Околу 46% од испитаниците сматаат дека луѓето во медиумите одговорно и професионално ја вршат својата работа, додека 37,8%  од нив, сматаат дека новинарите не се доволно стручни, како и тоа дека медиумите стануваат премногу комерцијални, а маркетинг директорите ја преземаат улогата на уредници.

Освен тоа, податоците говорат дека владата шири песимизам кога е во прашање унапредување на оваа професија. Јавноста во Србија сеуште размислува за стручњаците за односи со јавност како за “продавачи на магла”. И покрај слбиот напредок на струката, околу 40% од испитаниците сакаат да останат во оваа струка и да се усовршуваат на досегашното работно место, 24,7% сакаат да го променат работното место, 13,2% да запишат постдипломски студии и да се усовршуваат во областа за односите со јавност, а значајно мал број од нив сака да започне свој сопствен бизнис или да ја промени професијата.

Како членовите ја оценија работата на Здружението за односи со јавност на Србија и што очекуваат од професионалното здружение?

 

 

– Редовните информации од професијата, огласите за работа, како и оперативноста на канцеларијата и секретарот на Здружението, се клучните фактори за задоволство на членовите, додека незадоволството е насочено на недостатокот на иницијатива во поглед на организирање на предавања и бесплатни едукативни семинари, запознавање на членовите, а особено тоа што Здружението нема афирмативна улога за струката и членството. Кога се во прашање очекувањата од професионалното здружување, членовите во голем процент очекуваат информираност за состојбата за струката, како и поголемо влијание на Здружението и членството. Повеќе од половина од испитаниците сметаат дека Здружението за односи со јавност на Србија е организација која треба да биде задолжена за лиценцирање на стручњаците од оваа област. Меѓутоа, она што загрижува е податокот дека многу голем број на членови очекуваат од Здружението  се “сервирано” на готово, без сопствен придонес и иницијатива и без свест дека силата на оваа професионална организација е токму во нејзините членови. Она што сакам посебно да истакнам е дека членовите на Управниот одбор на здужението ќе ги имаат во предвид резултатите од истражувањето, кои ќе бидат искористени за изработка и спроведување на Стратегија и план на активности на Здружението за односи со јавност на Србија до 2015 година, а она што ќе биде важна задача на Управниот одбор е регрутирање и мотивирање на членовите што повеќе да се вклучуваат во работата на Здружението и да дадат свој допринес во струката.

На кој начин испитаниците во рамките на агенциите за односи со јавност го оценуваат нивното влијание на стратешките одлуки на клиентите и како доаѓаат до нив?

 

– Како најголем проблем во работата со клиентите испитаниците вработени во агенциите ги наведуваат преамбициозните и нереални барања во однос на можностите (59,3%), додека 5% помалку сметаат дека тое е незнаењето во секторот за односи со јавност на клиентите. Повеќе од 50% од испитаниците сметаат дека проблем се и премалите буџети. Исто така, испитаниците сметаат дека дека агенцијата за односи со јавност нема влијание на стратешките одлуки на нивните клиенти, а до нив најчесто (41,3%) доаѓаат со помош на препораки.

 

Кога зборуваме за организациите, во која мера стручњаците за односи со јавност се уклучени во дефинирање или редефинирање на мисијата и визијата на организацијата во која работат и стратешкото планирање?

 

 

– Тој процент  по мое мислење,е премногу мал. Вкупно 43,2 % од испитаниците одговорија дека се редовно уклучени во дефинирање или редефинирање на мисијата и визијата на организацијата во која работат и стратешкото планирање. Делот од истражувањето кое се однесува на односите со јавност во организациите покажа дека како термин “односи со јавност“ се користи во само 48% од организациите во Србија, а во организациите во кои не постои посебен сектор за односи со јавност во 60,6% случаи тие припаѓаат на маркетинг службата или кабинетот на директорот. Во околу 40% од организациите само едно лице се занимава со односи со јавност, додека во 70% од случаите таа работа ја вршат три лица. Дека online комуникацијата е важен сегмент во работата на организацијата покажува податокот дека дури 80% од нив имаат отворено профил на социјалните мрежи (најчесто фејсбук и твитер).

За тие што сакаат да ја разгледаат целата презентација од најновото истражување на ЗОЈС, истото можат да го симнат од следниов ЛИНК.

*Интервјуто го направи Ивана Парчетич, основач на порталот “Маркетинг Мрежа“ , а специјално за македонската публика го објавува Маркетинг365.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Marketing365 Marketing365 Marketing365