Home » Интервјуа » Интервју со Ирена де Сомер – маркетинг професионалец

Интервју со Ирена де Сомер – маркетинг професионалец

Почитувани читатели, огромна чест и задоволство ми е што на блогов денеска имам една супер гостинка како што несомнено е Ирена Де Сомер – во моментов ангажирана како маркетинг и ПР директор во “Семос“.

Со Ирена се запознавме за време на манифестацијата за доделување на наградите за “Сајт на Годината 2011“ и уште тогаш ми остави силен впечаток како уникатна личност со која ми е големо задоволство да разговарам на најразлични теми и да учам од нејзиното долгогодишно работно искуство во земјава и во странство.

Привилегијата да “украдете“ дел од енергијата која Ирена ја зрачи, ја имате денеска на Маркетинг365.

Marketing365: Која е Ирена де Сомер ?

Ирена : Ирена е една висока згодна плава девојка за озбилно ! Ако тргнеме од маркетиншки и пр дијапазон на представување во Македонија.

Оп! Значи ви го фатив вниманието, доволно!

Волку, волку, толку е овде доволно за да некој ви обрати внимание на вашиот бренд. Да не беше смешно, ќе беше тажно. Еве да ме убиеш не ми текнува што беше сублиминарната порака на тој слоган….

Marketing365: Определен период сте живееле и работеле надвор од Македонија а сега повторно сте ангажирани во Скопје, дали можете да ни направите една кратка паралела меѓу антиципирањето на маркетингот од страна на компаниите надвор и во Македонија?

Ирена : Тоа би било како правење паралели на оригиналниот Стар Трек и Стар Трек The Next Generation. Тука и  менаџерите, директорите или пак сопствениците на некоја компанија и незнаат што е тоа и каков ефект истиот би можел да има  на продажбата и промовирање на продукот или услугите, а и билдање фама и имиџ на самиот бренд/компанија. Рудиментирани сме на тоа поле, и кога покласичните медиуми беа во пршање, а во овој тренд на комплетно преземање на интернетот како медиум. Во “камено доба” сме.  Пак ќе прашам, ретардиравме ли?

Не се комплетно ненормални брендовите како Мерцедес или Гучи да трошат милиони евра на маркетинг кампањи. Знаете, еден продукт/услуга без приказна за истиот, која ќе ви ја сервирам, е само уште еден продукт. Креацијата на маркетингот е да ве маѓепса, и со тоа да го направи еден продукт единствен, најдобар и се она што вие посакувате и што посакувате да станете кога би го имале. Сите имаат продукт, но мене ме интересира ЗОШТО треба да го купам баш вашиот. Ако немате прикаска, џабе ви е се.Тоа е работата на маректинг професионалците и компаниите кои стојат позади се тоа.

Извини, прашањето беше ”антиципирањe” или перципирање? Или се им се фаќа исто ! Прво треба да го перципираат, за да го антиципираат.

Marketing365: Што мислите, дали македонските компании доволно вложуваат во своите маркетинг активности?

Ирена : Ќутам, Да не ја извреѓам 90 % од бизнис заедницата на Македонија, ама и Маркетинг агенциите кои се активни тука. Не знам кој додуше е полош на оваа тема, компаниите или пак агенциите, а во многу случаеви и двете. Сите сакаат се, и ако може тоа да се да се направи без пари или многу  малце пари. А да  не почнувам за тоа на основа на што се креираат рекламните кампањи. Анализи,истражувања, стори бордс, и кој ги прави, па до креативата…таа најбитната, идејата. Па продукција, медиум..итн.итн. Долг и широк муабетов.

Чест на исклучоците…

Marketing365: Која според Вас е причината што македонските газди сеуште повеќе се приврзаници кон традиционалниот маркетинг отколку кон современите форми на интернет или герила маркетинг?

Ирена : Да поќутам и на ова прашање? :) Хахаха, ајде нема баш. Зошто ретко кој користи од нив интернет, и со самото тоа не ја разбира моќта на истиот. Интернетот не е само медиум, туку прво е алатка. И тоа една од најмоќните.

Кога ќе рикне принтот, и полека сите други медиуми, со тоа и публиката,тогаш сакале-неќеле ќе се преселат на интернет. Тоа е да не кажам “утре”, а тие требале да го фатат тој тренд уште “ вчера”. Тогаш ќе биде проблем што има многу малце луѓе како мене да им каже кој-како-зошто и каде би можело/требало да изрекламираат својот продукт/услуга, и во која форма. Герилата ќе ја сакаат, не за нешто друго, него зошто во нивната глава тоа звучи како нешто што е “ за малки или ич” пари.

Да напоменам дека такво нешто нема…?

А и плус, па луѓето како мене па мака мачат кога ќе видат па кои веб портали/блогови ги имаат на располагање за промоција.

Да сумирам, идејата е пари. Не обратно

Да се вратам на герилата…За герила маректинг треба генијална (оргинална, неконвенционална) идеа, канал и форма, за да се спроведе една кампања. А тоа не значи дека ако сте отвориле една ФБ страна , дека е герила маркетинг…да, ете, бесплатана е и сега што? Како сте ја анимирале вашата таргет група..? Какви се бројките од продажба и од рејтингот на компанијата? И дали знаете дека ако не изиграте како што треба на тој медиум, може сами себе да се казните т.е. брендот/компанијата. Затоа ова оди и рака под рака со ПР, зошто на интернетот има многу малце контрола, и секој може да ви се меша во пораката која сакате да ја емитувате.

Marketing365: Дали по примерот на ПР професионалците и маркетерите можеби би требале во иднина да размислуваат за основање на здружение преку кое би го поттикнале развојот и соработката во фелата?

Ирена : Во Македонија…ич не мора ! Како и во се друго,ќе се испокараат, па ќе праат исто такво здружение со адитивот “-вистинска” и уште едно 30 такви хибриди. Нема тука поента. Сите тука знаат веќе се, сите се најпаметни, сите сакат да се лидери, и сите сакат да се офајдат пошто-пото. Секој човек за себе.

Marketing365: Кој би бил Вашиот совет за сите оние што планират да работат во маркетинг и адвертајзинг индустријата?

Ирена : Со среќа! Ќе ви треба..ако уопште успеете да убедите некого зошто воопшто им е потребен маркeтинг, и што е тоа воопшто, па ви дадат и буџет и кретивна слобода, јавете ми се, јас частам!

Marketing365: Ирена, би сакал да споменеме нешто и околу македонското “практицирање“ на твоето формално образование како “Менаџер на луксузен бизнис и менаџмент во мода“ т.е.дали воопшто во Македонија постојат професионалци кои работат на вакви позиции и каде на пример сме ние како земја во споредба со земјите од околината од аспект на организирањето на модни настани……е сеа ако ти се зборува на оваа тема, склопи едно прашање и пукај ! !

П.С: Ирена е и автор на моден блог .

Ирена де Сомер : Ха-ха. Менџамент во мода.

Која мода?

Кој менаџмент?:)

Тажно.

Кога си заминав од оваа земја 2005, мислев дека ќе евоулираме, ќе станеме по “модерни”, ќе ги фатиме урбаните текови.Таков беше тогаш бар моментумот, урбан, ориентиран на светските трендови.

Се вратив на почеток на 2011. Со мирна душа можам да констатирам дека не само што сме се уназадиле, туку сме фатиле еден друг правец на девијација, која само можам да ја набљудувам како социјален феномен, ама неможам да и се придружам. Најверојатно затоа ништо не ми е јасно, и ми нема логика.

И се заблагодарувам на Ирена за искрените одговори и се надевам дека  во иднина ќе имаме прилика повторно да ја имаме како гостинка на блогов :) :) Фала Ирена !

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Marketing365 Marketing365 Marketing365