Интернет маркетинг речник – D

A /B /C /D /E /F /G /H /I /J /K /L /M /N /O /P /Q /R /S /T /U /V /W /X /Y /Z

_________________________________________________________

DAGMAR

Defining Advertising Goals for Measured Advertising Response -модел за планирање на адвертајзинг активности на начин како би можел квантитативно да се следи успехот од активностите.

Database marketing /маркетинг преку база на податоци

Информациите може да бидат комбинација на она што е собрано од претходните интеракции со потрошувачите и она што е на располагање од надворешни извори. Ова е познато како CRM (customer relationship management) или менаџирање на односите со потрошувачите

Daughter window

Оглас кој се појавува во друг прозорец и асоцира на истовремениот прикажан банер. Во практика содржината и банерот се прикажуваат први а daughter-прозорецот се појавува момент подоцна

Daily totals

Графикон за сообраќајот на Веб страната, кој ги сумира активностите на Веб страната за одреден временски период. Деталите вклучуваат број на кликови и број на прикажани страни дневно.

Data transfer

Вкупната количина на надворешен сообраќај од Веб страната, типично мерен во мегабајти

Dead link

HTML линк кој станал некорисен. Веб страната до која треба да води веќе не постои. Многу пребарувачи рутински ги проверуваат “мртвите линкови”. Ваквите линкови може да бидат сериозен проблем за пребарувачите, но со зачестена проверка на линковите, мртвите линкови стануваат реткост

Dedicated IP

IP адреса одредена само на една  Веб страна

Deep linking

Линк кој води до страна која не е насловна, односно е подстрана

Deep web

Група на динамични или Веб страни со обемни бази на податоци кои пребарувачот нема да ги индексира.

Delisting

Кога Веб страните ќе бидат тргнати од пребарувачкото индексирање. Ова може да се случи доколу тие се банирани или поради друга причина, како случаен “баг” на пребарувачот

Demographics

Информации околу величината и карактеристиките на одредена популација на луѓе кои се во интерес на огласувачите, како возраст, пол, приходи, образование, семејство. Ова не вклучува психографски карактеристики како субјективни ставови и мислења на потрошувачите

Description tag

HTML знак кој го користат авторите на Веб страните за да дадат објаснување за страната во пребарувачките листи.

Digital Video Commercials

Реклами кои наликуваат на тв реклами кои може да се појавуваат на страната или пред, за време  на или по одредена содржина која се појавува. Тука се вклучени видеа, анимации, игри, музика и сл. Оваа дефиниција вклучува дигитални видео реклами кои се појавуваат во живо, се архивираат или спаѓаат во содржина која може да се симне од Интернет.

Direct mail/Директна пошта

Директна пошта е најпозната форма на маркетинг, адвертајзинг преку кој се испраќа пораката директно до потрошувачот или друга фирма наместо да се користи досегашните медиуми како телевизија или принт огласи.

Direct marketing

Процесот каде огласувачот ги испраќа своите пораки директно до потрошувачите или потенцијалните купувачи. Две најпопуларни форми се директен маркетинг преку телефон и пошта.

Direct response

Вид на оглас кој им овозможува на примачите да одговорат директно на огласувачот и да нарачаат производ/услуга или да добијат повеќе информации. Чести методи на одговор вклучуваат пошта, телефон или е-пошта.

Directory

Web directory – организирана, категоризирана листа на веб страни

Disintermediation

Елиминација на посредници во ланецот на снабдување, исто така познато како “cutting out the middlemen”

Display Advertising (Banner Ads)

Огласувачот плаќа Интернет компанија за просторот за изложување на статичен или поврзан (hyper-linked) банер или лого на една или повеќе страници на Интернет компанијата.

DNS

Domain name server е компјутер поврзан на интернет кој помага да се преведат домеин имињата во IP адреси. Без тоа Веб страните не можат да бидат најдени кога ќе бидат впишани во пребарувач

Domain name

Локација на ентитет на интернет

Domain name Registration

Процесот на регистрирање на домеин име со одобрена регистрација. Процесот е надгледуван од ICANN

Doorway domain

Домеин користен специјално за високо рангирање во пребарувачите за одредени клучни зборови, користен како влезно место низ кое посетителите поминуваат за да дојдат до домеинот

Doorway page

Домеин дизајниран за да го пренасочува сообраќајот кон насловната страна лоцирана на друг домеин

Download

Процес на симнување информации од компјутер се нарекува даунлоадирење. Кога компјутерот праќа информации на интернет се нарекува аплоудирање (upload)

DTC

“Direct-to-consumer” директно до потрошувачот е термин кој означува рекламна порака која е насочена кон крајни корисници, а не други фирми

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *