Интернет маркетинг речник – I

A /B /C /D /E /F /G /H /I /J /K /L /M /N /O /P /Q /R /S /T /U /V /W /X /Y /Z

_________________________________________________________

 

i-Coatch

Онлајн услуга за поддршка на студентите по маркетинг и делегатите, која нуди онлајн туторијали, реални случаи и вежби.

IAB (Interactive Advertising Bureau)

Основано во 1996, Интерактивно огласувачко биро е водечка глобална асоцијација во огласувачката индустрија со над 300 активни членови во САД. IAB активностите вклучуваат проценка и препорачување на стандарди и практики, истражување за да се документира ефективноста на Интернет медиумот и едукација на огласувачката индустрија за користењето на онлајн и дигиталното огласување.

Image map

Систем на поврзани делови на една слика со хиперлинкови. На пример слика на Земјата може да има хиперлинк поврзан со различни локации. Со селектирање на тие локации ќе ве одведе до повеќе информации за локацијата.

Impression

Овој термин често се користи да им каже на огласувачите колку пати нивниот банер оглас е прикажан, односно виден од посетителите на страната. Импреиите (прикажани страни) ги објаснуваат информациите примени од посетителите по прикажувањето на сите елементи (текст или графика) од кои се состои една Веб страна.

Inbound link

Линк кој води до Веб страна. Кога корисникот ќе пристапи на Веб страната преку друга Веб страна, тоа се нарекува inbound link

Incentivized click

Тип на “click through” каде лицето клика на огласот со цел да добие некаква награда

Incentivized traffic

Посетители кои добиле некаков вид на компензација за посетувањето на Веб страната

Insertion order

Онлајн или принт документ каде се одредени деталите за огласната кампања.

Interactive agency

Агенција која нуди комбинација на Веб дизајн/развивање, Интернет огласување/маркетинг или Е-комерција/Е-бизнис консултации

Internal analysis

Студија на внатрешните маркетинг ресурси на една компанија со цел да ги измери можностите и заканите, како и предностите и слабостите

Internal marketing

Процесот на поттикнување на вработените да ги промовираат целите и актвиностите на компанијата. Процесот може да се случи на повеќе нивоа, од запознавање со производите до објаснување на целата бизнис стратегија

Internet

Од терминот “intenetworking”, Интернетот е направен од многукратни меѓусебно поврзани мрежи поврзани со TCP/IP протокол. Интернетот настанал од она што порано било познато како ARPANet креирано во шеесетите и седумдесетите години од минатиот век.

Internet advertising

Интернетот е најнов медиум за огласување на производи и услуги. За разлика од другите медиуми, интернетот служи како комуникациски канал, трансакциски и дистрибутивен канал, кој им дозволува на потрошувачите да добијат информации, да купуваат и да плаќаат на истото место.

Interstitial

Тип на наметлива огласна реклама која се прикажува помеќу две страници без да биде побарана од посетителот. Слично како overlay огласите, освен што оваа не се прикажува во позадина.Претставува реклама на целосни или делумни страници на текст и слика која се појавува при преминот меѓу две страни од содржината. Формати се  splash screens, page takeovers и  pop-up windows.

Invisible Web

Група на динамички или огромни бази на податоци кои пребарувачите нема да ги индексираат

IP Delivery

Претставува процес на испорачување прилагодени содржини базирани на барањата на IP адресата. Ова им овозможува на Веб страните да ги заштитат нивните прилагодени кодови дизајнирани за високо рангирање во пребарувачот

IP Spoofing

Техника на конектирање на Веб страна, а соопштување на IP адреса различна од онаа на која сте конектирани. Ова е крајно неетичка тактика и крши определени копјутерски и техничи закони. Во контекст на пребарувачите IP spoofing вклучува пренасочување односно измама на пребарувачот да индексира една страна, додека всушност доставува содржина од друга страна. Тоа исто така значи лажно пренасочување на корисникот кој едноставно клика на еден линк, кон друга страна (различна од линкот)

ISDN

Integrated Services Digital Network е дигитална мрежа понудена од некој интернет сервис провајдер кој им овозможува на корисниците да трансверираат до 128,000 bps преку стандардна телефонска линија. Не е брз како кај кабелски или DSL модем, но е побрз од 56,000 bps модемот.

ISP

Интернет сервис провајдер е компанија која овозможува пристап до Интернет преку еден или повеќе видови на технологија, како на пример телефонска линија, кабелси приклучок, фибер оптички, радио бранови или сателитски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *