Интернет маркетинг речник – M

A /B /C /D /E /F /G /H /I /J /K /L /M /N /O /P /Q /R /S /T /U /V /W /X /Y /Z

_________________________________________________________

 

Mail filter

Програма која овозможува сортирање на е-меил пораките пред да бидат отворени, според насловот, адресата на испраќачот или информации од содржината на пораката.

Mail preference service (MPS)

База на индивидуални домашни адреси чии сопственици одбрале да не добиваат директни маркетинг пораки

Manual submition

Индивидуално рачно додавање на URL адреси во пребарувачот

Market research

Статистичка анализа на податоци за купувачите со цел да се донесат заклучоци како основа за акција

Market  segmentation

Сегментација на пазар е метод на селектирање на групи на потрошувачи на кои ќе се таргетира одредена маркетинг порака. Ова е базирано на идејата дека потрошувачите кои делат исти карактерни особини се очекува да реагираат на сличен начин на маркетинг пораките.

Marketing

Сите активности кои се вклучени во трансферот на добра од производителот или продавачот до потрошувачот или купувачот, како што се рекламни огласи, испорака, складирање и продажба

Marketing plan

Маркетинг планот ги изнесува специфичните акции кои треба да ги обавите за да ги заинтересирате потенцијалните потрошувачи и клиенти за вашите производи и да ги убедите да го купат она што го нудите.

Max loop size

Максималниот број пати на повторување на една анимирана графика. Најчесто 3-5 пати

Max time length

Максимално времетраење на графичката анимација. Најчесто 10-20 секунди

Media kit

Информации кои им се понудени на огласувачите од страна на Интернет медиумите за да им го објаснат рејтингот на медиумот, демографијата на посетителите и сл.

Meta description tag

Им овозможува на авторите на Веб страните да напишат објаснување за страната кое ќе се појавува во пребарувачките листи.

Meta keyword tag

Им овозможува на авторите на Веб страните да додадат текст во страните за да им помогнат на пребарувачите при процесирање на ранг листите

Meta search engine

Пребарувач што прикажува резултати од повеќе пребарувачи

META tag generatot

Алатка која ќе изнесе МЕТА тагови базирани на информaциите од страната.

META tags

Тагови кои ги објаснуваат различните аспекти на една Веб страна

MI (Monthly impressions)

Месечни импресии е термин кој означува број на импресии (прикажувања) за еден месец

Mirror site

Дуплаикат на Веб страната на различна URL адреса.

Misspelling

Интернационaлна грешка во спелување на клучни зборови, така што ќе се придобијат и оние посетители кои исто така ќе направат грешки во спелувањето

Moderator

Модератор е некој во кого администраторите на форумите имаат доверба, кој помага дискусиите да останат продуктивни и да не излeзат од темата

Mousetraping

Користење на трикови во пребарувач со цел да се “зароби” посетителот на една страна, со оневозможување на  копчето “Назад” (back) или генерирање на повторни pop-up прозорци

MRR (Monthly rental rate)

Месечен број на импресии кои ќе бидат продадени

Multiple keyword tag

Користење на два или три клучни зборови за да се зголеми релевантноста на страната. Оваа техника се смета за SPAM и пребарувачите се трудат да ја избегнат

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *