Интернет маркетинг речник – R

A /B /C /D /E /F /G /H /I /J /K /L /M /N /O /P /Q /R /S /T /U /V /W /X /Y /Z

_________________________________________________________
Rank

Веб страна или оглас кој е ставен во споредба со други веб страни или огласи. Рангирањето им овозможува информација на огласувачите за споредба во ефектот.

Ranking 

Во контекст на пребарувачите, тоа е позицијата на која се појавува страната во резултатите од пребарувањето.

Rate card

Документ кој содржи детални цени за различни позиции на огласи

Reach Досег

Број на единствени посетители кои ја посетиле веб страната, изразен како процент за демографска категорија.

Real time

Термин кој се користи да ги опише моменталните резултати. На пример, на огласувачот му се потребни статистики од реално време за тоа како се движи неговата кампања повеќе отколку резултати на неделно или месечно ниво.

Reciprocal link

Линкови помеѓу две страни, често базирани на меѓусебен договор за размена на линкови.

Rectangle ad

Формат на оглас со коцкасти димензии одредени од IAB

Referrer

Адреса (URL) на веб страната од која посетителот дошол пред отварањето на друга веб страна. Секогаш кога посетителот кликне (селектира) нов HTML линк на веб страна, повеќето browse-ри даваат “HTTP-REFERER” врска со новата страна. Веб администраторот може да ги зачува овие “referer врски” во документ за пристап по страни. Во контекст на пребарувачите овие referer врски се моќен начин да се одредат кои пребарувања ги користат посетителите за да дојдат до вашата веб страна. Како дел од referer врската од пребарувачот, бараните термини кои ќе ги внесе посетителот ќе бидат вклучени. Некои бројачи за тагови на слики можат да дадат резулатати за referral врските.

Referring page

Веб страна на која бил посетителот претходно пред да ја посети сегашната страна како резултат на кликнување на хиперлинк на претходната веб страна.

Registration

Процес во кој посетителите на веб страната им е побарано да се регистрираат   и да остават одредени податоци за самите себе со цел да добијат целосен пристап до страната.  Во зависност од нивото на бараните податоци, ова им овозможува на веб страните од маркетиншки аспект да ги таргетираат огласите на регистрираните кориснии кои им одговараат како целна група.

Remnant space

Огласувачки простор кој е останат непродаден пред да биде искористен и често се продава со  поголем попуст во последен момент.

Relational

A relational database is what is needed for database marketing. Such a database is kept on disk and consists of related files (name and address, orders) which are related to each other by ID numbers and accessed by indexes. Функционална датабаза е тоа што е потребно за датабаза маркетинг. Ваква датабаза се чува на диск и содржи поврзани податоци како (име и адреса, нарачки) кои се поврзани си помеѓу себе со Иденстификациони броеви и на нив се простапува преку индекси.

Relationship marketing

Процес на градење на врска со потрошувачите чии резултати се однесуваат на потрошувачите да станат полојални, да купуваат повеќе и да останат постојани потрошувачи. Ова е уште еден збор за датабаза маркетинг.

Rep firm

Партнер за продажба на огласувачки простор специјализиран за продажба на посебни веб страни

Return days

Број на денови кои партнерот ги добива како провизија за оставарената продажба од одреден посетител

Request

Обид од еден browser да се отвори страна, вклучувајќи ги сите елементи од страната како оглас/банер од серверот на интернет.

Results page

Откако посетителот ќе внесе име на страната која ја бара во пребарувачот , страната која се појавува се вика резултат. Понекогаш се вика и SERPs што значи страна резулат од пребарувањето (“search engine results page”).

Return visits

Број на посети кои ги направил исти посетител со враќање на страната после одреден период.

Rich media

Е реклама која вклучува анимација, звук или интерактивност во било кој формат. Може да биде користена  поединечно или во комбинација со следните технологии: звук, Flash, и со програмерски јазици како Java, JavaScript или  DHTML. Се користи преку стандардни веб или безжични апликации како е-мејл, статични и динамични веб страници, и може да се појавува во формати на рекламирање како банери, копчиња и interstitials (меѓупростори) .Нови формати кои нудат поново и подобрено искуство на посетителите за разлика од  класичните форматите.

Robot

Програма кој автоматски прави “некоја акција” без интервенција на посетителот. Во контекст на пребарувачите, обично се однесува на програма која го наведува browser-от автоматски да ги симнува веб страните. Пајакот (spider) е еден вид на робот.

ROC

Огласување во категорија (“Run of category”) значи огласот да се појавува секаде во категоријата на одредена веб страна или во една огласувачка мрежа. Ова е потаргетирана кампања отколку oгласување на страни ( Run of site (ROS)) каде огласот се појавува на секоја категорија на еднa веб страна.

ROI

Враќање на инвестицијата (Return on investment) е процес кој се користи да ги утврди дали предвидените парични придобивки од направените расходи, како на пример за рекламна кампања, се под или над сумата на пари потрошени за кампањата. Во зависност од целта на огласувачката акција, враќањето на инвестицијата е тешко да се утврди со точност.

RON

Огласување во мрежа (Run of network ) значи огласот да се појави на секоја категорија на секоја страна која е дел од некоја огласувачка мрежа. Бидејќи овој начин на откупување не е таргетиран, тој претставува и најефтин вид на огласување што може да се купи.

Rotation

Оглас кој е во ротација на страната или група на страни, нема да биде единствениот оглас кој се појавува кога ќе се отворат повторно страните. Понекогаш огласувачите бараат нивниот оглас да се појавува постојано, во овој случај огласот се појавува при секое отварање на страната и овој случај е познат како ексклузивност.

Run od network (RON)

Закупување на огласен простор во кој огласите се појавуваат на сите категории на сите страни во една огласувачка мрежа

Run of site (ROS)

Закупување на огласен простор во кој огласите се појавуваат на сите страни од таргетираната страна

Run of site advertising

Случајно појавување на огласот на веб страна. Слично со ротација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *