Home » Во фокусот » Кампања по повод меѓународниот месец за подигнување на свеста за ракот на дојка

Кампања по повод меѓународниот месец за подигнување на свеста за ракот на дојка

Како и секоја година, светското внимание во месец октомври е фокусирано на подигнувањето на свеста на ракот на дојката. Ова е важна иницијатива, со оглед на тоа што на 1 од 8 жени се изложени на ризик од рак на дојка за време на нивниот живот. Со цел да го обележат почетокот на меѓународниот месец за рак на дојка и да генерираат публицитет, креативната агенција mortierbrigade и организацијата Pink Ribbon која ќе ги поддржува пациентите со рак на дојка, преживеаните и нивните семејства ширум светот, лансираа нова кампања, која ги ги става младите девојки во центарот на вниманието.

Јенс Мортиер, креативен директор и партнер во агенцијата mortierbrigade, вели: “Ракот на дојката е вистинска епидемија. Иако мораме да создадеме свест кај жените за важноста од чести скрининг, темата останува чувствителна. Во оваа кампања, ние намерно направивме чекор назад со вклучување на тинејџерки. Со пренесување на пораката дека: “Конечно пристигнаа. Сега бидете сигурни дека никогаш нема да мора да заминат”, нашата цел е жените да се идентификуваат со младите девојки на трогателен начин”.

Спотот е долг 60 секунди, музика е на Франсоа Харди, а се појавуваат 8 млади тинејџерки, што симболично се однесува на 1 од 8 жени кои ќе бидат погодени од болеста.

Розета Ван Росем, основач на Pink Ribbon во Белгија, додава: “Навистина сме горди на оваа национална кампања која е поинаква од другите. За првпат го истакнуваме проблемот од гледна точка на адолесцентите. Со оваа кампања, сакаме да ги потсетиме жените дека не треба да ги изгубат градите кои толку долго ги чекаа”.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365