Home » Огласи за Маркетинг/ПР работа » КАМ бара маркетинг менаџер

КАМ бара маркетинг менаџер

Маркетинг менаџер

Ваши задачи:
– изработка и спроведување на маркетинг планови и маркетинг стратегија на компанијата;
– подготовка на буџетот за маркетинг во соработка со останатите членови на менаџерскиот тим;
– подготовка и реализирање на медиа планови;
– подготовка на неделни и дневни информации за рекламни (принт огласи) за печатени медиуми; организирање на изработка на летоци, огласи;
– следење на странски и домашни реклами од областа;
– контакти со медиуми / маркетинг агенции;
– Event management – изготвување предлози за организирање на промоции и презентации – позиционирање на акциски производи;
– осмислување и следење на резултатите од акциите;
– раководење и обучување на останатите членови на секторот Маркетинг.

Ваш профил:
– високо образование од областа на економија или маркетинг менаџмент;
– работно искуство во областа на маркетинг минимум 5 години;
– искуството стекнато ва маркетинг агенција ќе се смета за предност;
– имате одлично познавање но MS Office, особено напредно познавање на MS Office Excel, Illustrator, CorelDraw, Photoshop;
– имате одлично познавање на англиски и германски јазик
– самостоен сте и ориентиран кон резултати;
– имате одлични комуникациски, организациски, презентерски способности и чувство за естетика и уредност.

Основната нета плата предвидено за оваа позиција е 60.000 денари месечно (нето), одноно 90.216,00 бруто.

Работно време: од 08:00 до 16:00 часот од понеделник да петок.

Доколку сте во потрага по нови професионални предизвици, мотивирани сте и подготвени за нови успеси, испратете Ваша биографија (CV) на долунаведената е-пошта или адреса. Рокот за пријавување е најдоцна до 10.03.2014. Само избраните кандидати ќе бидат контактирани.

КАМ ДОО Скопје ул. „Индустриека” бб Скопје (Товарна) vrabotuvanje@kam.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365