Home » Во фокусот » Маркетинг алатка на спонзорирана содржина

Маркетинг алатка на спонзорирана содржина

Сигурен сум дека како маркетери, внимавате на кој начин пораката од страна на огласувачите во рамките на било кој медиум е пренесена до Вас и до оние кои што можат да се водат како сегашни или потенцијални клиенти на еден бизнис. Јас да.

TOSHIBA Exif JPEG

 

Гледајќи маркетинг пораки кои што никнуваат од сите можни страни околу Вас, без разлика дали чекорите низ паркот или трчате на кеј па се до читање статии на интернет, со тек на време примателите на овие пораки (вклучувајќи ве и Вас) стануваат имуни. Затоа се бара она “да се биде поинаков” за да се привлечат корисниците. На страна креативноста и сличните димензии на маркетинг кампањите, понекогаш методите на (јас го нарекувам) мирен и ненаметлив маркетинг можат да бидат полн погодок. Нешто како музиката на Norah Jones.

Во Македонија, под спонзорирана содржина можат да се најдат страници “комерцијален оглас” во склоп на веб страна или цели страни во весник кои што изгледаат како вест, но всушност се изворна форма на маркетинг. Она што е поинакво во овој текст и извлекување на некоја поука од него е следното – вметнување, во рамките на една обична вест, спонзорство со одбрани зборови.

Низ текстот да се вметне насока на потенцијално дејствување кое понатаму како вест може да се прошири на сите социјални мрежи, а и да го подигнат други медиуми па приказната ќе се прошири сама по себе.

Би требало да знаете да играте со зборови и ненаметливо да го кажете она што го сакате. Јас веќе го кажав.

Автор Мирослав Мечкароски

Мирослав е инволвиран во различни маркетинг проекти на различни платформи, со акцент на интернет медиумите и нивното влијание. Омилената дестинација му се бренд стратегиите и јавното говорење (+ПР), а како деликатес ги смета проектниот менаџмент и менаџментот на настани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365