Home » Во фокусот » Одлична реклама со Џон Малкович во пресрет на Супер Боул 2018

Одлична реклама со Џон Малкович во пресрет на Супер Боул 2018

Иронијата и енергичниот настап на Џон Малкович ја прават оваа реклама една од најубавите спортски реклами што сме ги виделе досега

Веќе е добро познато дека “празникот на американскиот фудбал”, Супер Боул, секоја година донесува некои од најдобрите реклами, а дел од заслугите за тоа сигурно играат и огромни буџети вложени во кампањите за овој најважен спортски натпревар во Северна Америка.

Во овај тизер спот за CBS, славниот Џон Малкович го исмејува тој дух на претерување и грандиозност на рекламите за големиот меч, а резултатот е навистина грандиозна и хиперболична реклама. Ироничниот пристап, заедно со енергичната изведба на Малкович, ја прави оваа реклама апсолутно извонредна.

Во спотот, Малкович чита сценарио за тизер реклама, полно со грандиозни и дословно библиски реченици што треба да се изговарат во неа. Дури и самото снимањето на спотот треба да се направи во симфониска сала, со придружба на симфониски оркестар … Малкович решава да разговара со режисерот, и на крајот, во суштина ја презема режисерската палка на оваа реклама.

Рекламата е осмислена од креативниот директор на CBS Sports, Пит Радовиќ, а снимена е само неколку дена пред натпреварот кој го промовира. Локацијата за снимање е Конзерваториумот на Нова Англија, а со оркестарот диригираше славниот Хелмут ВонЛихтен.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365