battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Политички маркетинг » Политички маркетинг: Анализа на гласањето

Политички маркетинг: Анализа на гласањето

Една од првите секако и најважните работи кои сакам да ги споделам како неопходни што треба да ги направат сите оние кои имаат во план да се кандидираат за било какви избори е токму процесот на дефинирање на избирачите, а првиот чекор во тој процес, кој имам намера да го образложам денеска, е Анализата на гласањето.

Анализа на гласањето - Политички Маркетинг - Маркетинг365

Од резултатите кои ќе произлезат од оваа оваа анализа во голема мера ќе зависат голем број на инструментите во склоп на комуникациската стратегија која еден политичар треба да ја примени, како би се само-промовирал и би го наметнал својот имиџ.

Една од првите активности е да кандидатот го утврди однесувањето на избирачите на претходните избори на територијата која “му припаѓа“. Тоа практично значи да тој треба да ги побара сите изборни резултати постигнати на изборите претходно од сите поединечни изборни кругови.

Еден кандидат, на пример, за на локални избори, треба  да ги анализира податоците кои се однесуваат како на претходните локални избори, така и на парламентарните избори – земајќи ги во обзир сите изборни кругови.

До овие резултатит не е многу тешко да се дојде: кандидатот може да се обрати на локалната изборна комисија во својата Општина, да пребара на интернет на веб сајтот на државната изборна комисија или едноставно да ја провери архивата на дневните весници печатени после ден или два од изборите.

Целта е да се дојде до што по детални резултати од сите политички партии.Во последно време постојат електронски бази на податоци кои овозможуваат да се прегледат сите податоци што се однесуваат на бројот на излезени гласачи, неважечки ливчиња, гласови за партиите и кандидатите по изборни единици, дури и и локални изборни места.

По завршувањето на оваа работа ќе се докаже дека постојат зони со висока концентрација на гласови, на пример за демо-христијаните, и други зони со многу мали бројки на гласови , за социјалистите.

На овој начин може да се дефинира територијата на која се наоѓаат нашите потенцијални гласачи (треба да се соберат податоците за буквално секое избирачко место и да се утврди кои улици учествуваат на тоа избирачко место)

Резултатите од оваа кратка студија можат да обелоденат некое крајно непредвидливо изборно оденсување (на пример: постоење на една голема географска област со идентично однесување, и покрај тоа што многу се разликуваат тие делови по традицијата и културата – или различно однесување на наизглед слични територии) што ни овозможува да одредиме зони во кои нашата партија е најсилна.

Нееднаквите резултатит на гласање на определена територија може да ни укаже и на т.н. “гласови кои осцилираат“, феномен кој е во стален пораст, паралелно со опаѓањто на довербата во политичкиот систем.

ЈАКИ И СЛАБИ ЗОНИ

Доколку сакаме да водиме изборна кампања со оптимално користење на нашите физички, психички и пред се економски ресурси, не се препорачува да вложуваме премногу време и пари во оние зони во кои одамна се има консолидирано антагонистички став спрема нашата партија.

Со анализата на изборното однесување на претходните избори можат да се утврдат локациите без мнозинска подршка за определена партија т.е. оние каде постои релативно мала разлика во гласовите меѓу партиите. Во тие случаи, секако станува збор за отсуство на ефикасни политички референтни модели отколку за некоја стабилна рамнотежа.

Исто така, зоните со релативно низок процент на излезност може да укажат на постоење на едно несигурно, но не и рамнодушно бирачко тело во кое ВРЕДИ ДА СЕ ВЛОЖУВА.

Покрај избирачите кои “сигурно“ ќе гласаат за неговата партија, кандидатот треба да ги има на ум и неопределените гласачи – бидејќи тие го чинат оној дел од избирачкото тело кој заслужува најголемо внимание.

Тука станува збор за категоријата на избирачи која се зголемува напоредно со зголемувањето на гласање за личност а не партија, што претставува феномен кој е се поподложен на влијание од масновите комуникации и комуникациските стратегии насочени кон истакнување на личноста и способностите на определен кандидат.

*****

Имајте пријатен викенд !

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Marketing365 Marketing365 Marketing365