Home » Во фокусот » Политички маркетинг: Избор на фотографија

Политички маркетинг: Избор на фотографија

Почитувани читатели, денеска продолжуваме со серијата статии посветени на елементите на политичкиот маркетинг и ќе зборуваме за навидум еден не толку битен елемент. Велам навидум, бидејќи во суштина иако на овој елемент не се посветува големо внимание кај нас, тој има суштинско значење во создавањето на позитивниот имиџ и добрата промоција на еден политички кандидат.Станува збор за изборот на фотографија.

obama poster

Досега секако дека сте ја слушнале народната “една слика вреди повеќе од илјада зборови“ , но иако овој аксиом го прифаќаат мнозинството на луѓето, сепак многу често политичките партии и кандидатите мислат дека изборот на фотографијата која ќе се појавува на нивниот пропаганден материјал е од секундарно значење или е дури  и ирелевантна.

Така, во минатото имало и примери кога аматерски фотографии ќе ги преплават улиците и фасадите, предизвикувајќи често драстичко негативна реакција на гласачкото тело.

Компетентни и озбилни кандидати, автори на добра политичка програма, можат да доживеат потполен неуспех заради една несреќно или површно одбрана фотографија, која покажува сосем друг имиџ од оној кој кандидатот го има,или би сакал да го има.

Многу гласачи “се среќаваат“ со кандидатот баш преку пропагандниот материјал, па верувајте не постои ни еден интелигентен или допадлив слоган или ни едно добро графичко решение – кое би можело да го неутрализира и ублажи негативниот впечаток предизвикан од фотографија која предизвикува одбојност или рамнодшност.

Баш фотографијата на кандидатот би требала да ја емитира таа непосредност и човечка топлина која еден гласач ја очекува од политичарот доколку тој треба да ги застапува неговите интереси во некој орган на државната управа.

GERMANY-MERKEL/

Фотографијата со помош на која кандидатот ја соопштува својата непосредност, компетентност, самодоверба, интелигенција, не смее да биде импровизација пред објектив на некој пријател или фотограф аматер, ТУКУ треба да биде резултат на работата на екипа составена од професионален фотограф кој се специјализирал за снимање на портрети, уметнички директор кој му помага на политичкиот советник и шминкер.

Од работата на овие професионалци и од спремноста на кандидатот да помине неколку часа во фотографско студио ќе зависи комуникациската содржина на фотографијата.

Пожелно е да кандидатот за снимањето на фотографијата резервира еден ден во кој што нема да има други обврски, зошто е многу битно да биде целосно опуштен. Секако тука се подразбира целосна недостапност тој ден и преку телефон со “останатиот дел од светот“ бидејќи – доволно е да искрсне и еден мал проблем, па да неговото лице добие грчевити израз, што потоа тешко се отстранува во краток рок и што би го продолжило неговиот престој во студиото.

Кандидатот значи, треба да биде целосно слободен не дозволувајќи ништо да му смета. И психичката спремност исто така треба да го достигне она ниво кое на шминкерот/ката ќе му овозможи да полека и мирно ја работат својата работа на едно опуштено лице.

Шминката треба да биде неупадлива, односно треба да биде употребена исклучиво да ги ублажи недостатоците како што се подочњаците или видливите мани на кожата, или пак да спречи кожата да сјае – што би можело да го расипи естетскиот резултат на фотографијата. Косата треба да биде чиста, а уметничкиот директот или советникот ќе одлучат дали е потребна интервенција на фризер.

Секако, кандидатот треба да си земи во студиото (или таму каде што ќе се слика) барем две-три кошули, од кои една се препорачуува да биде бела. Плавата боја е исто така препорачлива, а треба да се внимава со кошулите на пруги (можат да истакнат дебелина на пример).

cameron

Освем кошулите, потребно е да на располагање се имаат и неколку сакоа, од кои барем едно треба да биде еднобојно.

Во однос на вратоврските (машните), се препорачува да се имаат повеќе на располагање, за да може да се пробаат повеќе варијанти.

A priori треба да се исклучат цветни дезени.

Предност според експертите кои сум ги читал од оваа област, имаат вратоврските со дијагонални пруги. Ситните шарки прилегаат на лице со правилни црти, но никако на едно маркантно лице.

Сепак, еднобојната кравата секогаш е најсигурен избор…

Не сум експерт за овие модни додатоци…па ако има некој таков што ќе ја прочита статијва…го молам да коментира за предлозиве.

Јас се обидов накратко да склопам мислења на многумина “специјалци“ за фотографии наменети за вакви пригоди…се надевам дека ќе послужат за некои наредни сликања на нашите политичари !

Пријатен ден

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Marketing365 Marketing365 Marketing365