Home » Политички маркетинг » Политички маркетинг : Тајната зад победничкиот имиџ

Политички маркетинг : Тајната зад победничкиот имиџ

Самиот поим имиџ (кој е увезен кај нас од САД) подразбира ставови, воглавно општествено прифатени, која една личност ги изградила спрема објектите, другите луѓе и широкоприфатените општествени ставови.

Кога зборуваме за имиџот на определена личност. тие ставови се условени и се формираат на основа на сигналите кои конкретната личност ги емитира кон надворешниот свет со својот изглед и однесување.

Комуникацијата може да биде вербална или невербална. Во случај на политички кандидат (што е нашиот фокус секако), двата начини на комуникација имаат исто значење.

Од него се очекува и надворешен изглед, кој треба да одговара на стереотипот на личност која претендира за некоја јавна функција, како и комуникација со зборови, на чијашто основа може да се заклучи да определениот кандидат е во можност да елаборира сложени содржини и дека може вербално да се изрази со термини кои одговараат на неговата моментална улога, односно улогата која тој сака да ја превземе кога ќе ја добие подршката на избирачите.

Невербалната комуникација најмногу допринесува за дефинирањето на имиџот на една личност, а посебно за кандидатот за некоја јавна функција, така да, на неа треба да и се посвети посебно внимание и да се мисли на секој, наизглед безначаен, детаљ.

Невербалната комуникација подразбира емитирање на сигнали кои влијаат на она што се зборува и она што се прави, а тие (сигнали) ја условуваат реакцијата на оној кој слуша и набљудува.

Секој поединец е подвижна банка со податоци (што би рекол еден мој професор додека студирав). Независно од неговата воља, таа “банка“ произведува сигнали кои неговите соговорници ги примаат и ги разбираат на основа на нивното искуство и нивните културолошки особини.

Културната хегемонизација, која моментално се случува во целото граѓанско општество, доведе до тоа да аналогните сигнали секаде произведуваат слични сфаќања и реакции.

Во фазите од испраќањето на пораката до нејзиното разбирање, може да се интервенира така што примателот ја добие токму онаа порака која испраќачот сака да ја пренесе. Оваа интервенција се воглавно однесува на испраќачот, па така ТОЈ САМИОТ станува порака.

Формирањето на победничкиот имиџ на еден политичар значи интервенирање на неговата комуникација, вербална или невербална, така што гласачкото тело би го перцепирала (би го доживеала) како ПОБЕДНИК и квалитетен политичар.

Често читам некои анализи кои се осврнуваат на прашањето : Кои особини на кандидатот пресудно влијаат на гласачите, за да тие го заокружат неговото име и презиме на гласачкото ливче и да го изберат за свој лидер?

За жал, мислам дека досега немало толку квалитетно истражување во Македонија кое со сигурност ќе ни даде информација при анализирањето на резултатите , кои се по редослед на важноста квалитетите што се пресудни.

Меѓутоа моето лично искуство и анализата на реакциите на гласачите на имиџот на кандидатите ми вели дека најценети квалитети се “пријатноста“ и “човечката топлина“ , а потоа и “компетентноста“, “интелегенцијата“ и “снаодливоста“.

Ако ги прифатиме овие квалитети како релевантни (секако дополнителни анализи се препорачуваат) потребно е да се утврди кои сигнали, вербални и невербални – кои се емитуваат од еден кандидат- укажуваат на овие квалитети, а потоа треба на секој начин да се истакнуваат во периодот на изборната кампања.

Во иднина ќе посветам внимание во моите статии и на пооделни елементи во изборната кампања со кои се формира и гради победничкиот имиџ.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Marketing365 Marketing365 Marketing365