Home » PRESS » Сo „Пикадо“ до здрави заби, погоди и научи

Сo „Пикадо“ до здрави заби, погоди и научи

Со играта „Пикадо“ продолжува кампањата „Патот до здрави заби“. Играта ќе се одржи во сабота (09.05.2015) во Паркот на Авиончето во населба Аеродром со почеток во 12 часот.

 Pikado

Пикадо е втората игра преку која Четко продолжува да ги едуцира другарчињата, за тоа дека грижата за запчињата треба да започне од најрана возраст. Преку играта, јунакот Четко Четковски ќе ги научи дечињата кои прехранбени продукти се добри, а кои продукти се штетни за здравјето на забите и придонесуваат за нивно побрзо расипување.

Продуктите, всушност, ќе бидат стрелките со кои ќе се погодува пикадото. Секое дете што ќе има повеќе од пет погодоци, ќе добие симболичен подарок.

Во двочасовниот настан ќе учествува секое детенце до 13 годишна возраст. Доколку детето е под 6 години, ќе има право да учествува со родител. Доколку детето е над 6 години ќе се натпреварува само.

Сите деца кои учествуваат добиваат бесплатен примерок од Лакалут детската паста, а заедно со минувачите ќе може да се фотографираат со пријателчето Четко, кој ќе биде тука за да ги бодри во текот на играта.

Четко ја повикува својата дружина заедно да играат Пикадо и да учат за здравата храна.

Кампањата „Патот до здрави заби“ се реализира под слоганот „Секој ден четкај и со здрави заби светкај“со цел да ги научи децата на една исклучително здрава навика, значајна за целокупното здравје на организмот.

——

Кампањата „Патот до здрави заби“ е подржана од Лакалут, а е во организација на Натусана. Целта на кампањата е подигнување на свесноста кај самите дечиња за важноста на здравјето и хигиената на забите и тоа преку креативна едукација, анимација, забава и игри.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365