Home » Истражувања » “Фејсбук и Твитер“ се сè повеќе на мобилен. Време е да им се приклучиме !

“Фејсбук и Твитер“ се сè повеќе на мобилен. Време е да им се приклучиме !

Ако се верува на истражувањето кое eMarketer го направи минатиов декември, прашање на време е кога користењето на социјалните мрежи на мобилен ќе го надмине нивното користење преку персонален компјутер.

За Твитер е јасно дека од старт е измислен за користење на мобилен.. а со новиве апликации и Фејсбук и Google + се повеќе и повеќе се “suitable” за такво користење. Тој тренд на зголемено користење на социјалните мрежи преку мобилни апликации никако нема да запре.

Видете го графиконот:

Од него јасно се забележува дека употребата на ПЦ за користење на Социјални мрежи во 2012 се намалила во споредба со 2011 година, додека истовремено употребата на мобилни телефони за пристапување до социјалните медиуми е значително зголемена. Исто воочлив е и порастот на употребата на таблети за истата намена.

Муабетот е.

Веќе знаеме дека социјалните мрежи се местата каде просечниот интернет корисник поминува најмногу време. Па ако сега дознавме дека мобилените телефони се уредите од кои социјалните мрежи се и ќе се посетуваат најмногу во иднина, не треба да чекаме ни ден повеќе за да нашата маркетинг стратегија ја насочиме (или да посветиме значително повеќе внимание) на мобилните корисници.

Нема повеќе оправдување зошто како компанија не сме присутни со мобилен веб сајт или зошто пак како маркетери, не комуницираме преку медиуми со кои допираме до мобилните корисници.

Наша работа е да бидеме онаму каде што се нашите корисници, па ако трендот вели дека тие одсега ќе сурфаат на мобилен, ние нема што да чекаме својата огласувачка (комуникациска) порака да ја префрлиме токму таму.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Marketing365 Marketing365 Marketing365