Home » Во фокусот » Шокантна кампања во UK : “Посакував син ми да имаше рак“

Шокантна кампања во UK : “Посакував син ми да имаше рак“

Адвертајзингот е адвертајзинг и со голем буџет и БЕЗ буџет. Тој што знае да направи добра кампања со многу пари – знае да направи добра кампања и со многу малку пари.

Многупати досега потврденото, на виделина уште еднаш.

Во Обединетото Кралство (UK) неодамна .. се појави шокантна кампања насочена кон прибирање на средства во фонд за истражување на ретки смртоносни болести како што е Duchenne muscular dystrophy.

Кампањата е дело на агенцијата Ais London а е резултат на акцијата за собирање на средства на Алекс Смит, чиј 6-годишен син Харисон боледува од 100%  смртоносната болест Duchenne мускулна дистрофија.

Немајќи никаков поголем буџет за оваа кампања, агенцијата предложила концепт на шокантно претставување на најјакиот и најефикасниот маркетинг атрибут – ВИСТИНАТА.

Овaа принт реклама подолу ја објавиле во само два весници. Таа предизвикала невидено внимание низ целата земја поради насловот и краткиот текст – па Алекс добил и повик во централните вести на ITV.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=Pci5BA3QX6c

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365