battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Интернет маркетинг речник – H

Интернет маркетинг речник – H

A /B /C /D /E /F /G /H /I /J /K /L /M /N /O /P /Q /R /S /T /U /V /W /X /Y /Z

_________________________________________________________

 

Hidden text/tiny text

Поставување на карактери со иста боја на позадина со иста боја прави да бидат невидливи. Оваа техника беше популарна до пред извесно време, но пребарувачите брзо ги уловија и почнаа да ги банираат Интернет страните.

Hit

Секој елемент на Интернет страната  (графика, текст, интерактивни делови, банери) кој се вчитува на корисникот на таа Интернет страна. Пример, ако Интернет страната содржу две графики хитот ќе се брои за страната и за секоја графика – значи три хита. Веб мастерите ги користат хитовите како би ја оцениле оптеретеноста на серверот.

Home page

Почетната страна на Интернет страната

Hot linking

Процес со кој се поврзува (линкува) слика зачувана на една страна но се појавува на еден или повеќе други Интернет страни. Доколку е направено без дозвола, се смета за неетички, бидејќи се користи неплатен пренос.

Hourly totals

Број на прегледани страни или посети на Интернет страна во последните 24 часа.

House ad

Самопромовирачки огласи кои компанијата ги користи на сопстевената Интернет страна за да ги искористи непродадените прикажувања. Вид на банер огласување, кој Интернет страната го прикажува кога нема комерцијален банер да го пополни местото. Вообичаено се пополнува со оглас, кој промовира некоја од услугите, производите или карактеристиките на Интернет страната.

Hover ads

Начин на прикажување на порака на Веб страната. Hover огласите (летечките огласи) се повеќе се користат наместо pop-up прозорци, бидејќи pop-up блокерот не може да ги блокира ваквите огласи.

HTML

Hyper Text Markup Language е програмски јазик кој помага да се контролира содржината и дизајнот на еден документ кој се наоѓа на Веб страна (www)

HTML banner

Банер оглас каде е користен HTML елемент, често вклучувајќи интерактивни форми наместо страндардни графички елементи

HTML email

Е-маил кој е форматиран да користи HTML, наместо текстуален е-маил

Hybrid model

Комбинација на два или три модели на онлајн маркетинг плаќање

Hybrid search engines

Новата генерација Хибридни пребарувачи ги комбинираат директориумите со пребарувачите за да дадат најрелевантни и комплетни резултати

Hyperlink

HTML код кој кога ќе биде кликнат го пренасочува пребарувачот на друга Веб страна. Повеќето банер огласи се “хиперлинкувани” до Веб страните на огласувачите

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365