battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Интернет маркетинг речник – P

Интернет маркетинг речник – P

A /B /C /D /E /F /G /H /I /J /K /L /M /N /O /P /Q /R /S /T /U /V /W /X /Y /Z

_________________________________________________________

Page jacking

Кога некој ќе украде Веб страна и ќе ја постави на своја Веб страна

Page rank

Рангирање на сите страни на интернет. Ранг местото е базирано на број и квалитет на линкови кои водат до конкретната страна.

Page view

Барање за да се прикаже една HTML страна

Paid inclusion

Гаранција дека URL- то на маркетерот е индексирано од алатката за пребарување (пример Google, Yahoo). Листањето е одрeдeно со алгоритми на алатката за пребарување.
Спаѓа во Search Advertising

Paid listings

Текст линкови кои се појавуваат најгоре или од страна на резултатите од пребарувањето на одредени клучни зборови. Колку повеќе плаќа огласувачот толку повисока позиција добива. Огласувачот плаќа само тогаш кога корисникот ќе кликне на текст линкот.
Спаѓа во категорија Search Advertising

Pass-along rate

Процентот на луѓе кои стигнале до одередена порака или фајл

Pay per click (PPC)

Модел на плаќање за онлајн огласување базиран на бројот на кликови.

Pay per click search engine (PPCSE)

Пребарувачи каде резултаите се рангирани според наддавање и на огласувачите им се наплатува само кога посетителот ќе кликне на нивното име на листата

Pay per lead (PPL)

Модел на плаќање на онлајн огласување каде се плаќа врз основа на превземени иницијативи од страна на клиентите

Pay per performance

Термин кој е популаризиран како синоним на Pay per click (плаќање по клик), каде огласувачот плаќа само за огласите кои на пример, резултирале со зголемување на посетеноста, за разлика од CPM (плаќање по 1000 импресии), каде огласите се плаќаат иако не генерирале кликови.

Pay per sale (PPS)

Модел на плаќање за онлајн огласување каде огласувачот плаќа само квалификувани продажби

Perl

Еден од главните CGI програмски јазици. Perl е лесен за употреба и се карактеризира со синтакса изградена од неколку општопознати програмски јазици

Permission marketing

Маркетинг концентриран на добивање на согласност од купувачите за да добиваат информации од одредена компанија

Pixel

Скратеница за picture element (pixel), пиксел е мерна единица која означува една точка во одредена графика/слика. Скоро сите огласи се мерени во пиксели, на пример стандарден банер со димензии 468×60.

Platform

Тип на компјутер или оперативен систем (OS) на кој оперира одредена дизајнирана апликација. Двете компјутерски платформи се PC (персонален компјутер) и Macintosh, а двете софтверски платформи се Windows и Unix.

Pop behind

Тип на оглас кој автоматски се прикажува во втор помал прозорец позади веќе отворениот прозорец опткако ќе се лоудира нормалната Веб страна. Pop behind огласите ги чинат многу повеќе огласувачите бидејќи нивната видливост е поголема, но за посетителите се помалку вознемирувачки одколку pop up огласите.

Pop-under ad

Оглас кој се појавува во нов прозорец позади моменталниот прозорец

Pop-up ad

Тип на оглас кој автоматски се покажува во втор помал пребарувач  додека нормалната интернет страна се вчитува. Pop up огласите чинат повеќе бидејќи нивната видливост е поголема, но се сметаат за вознемирувачки од страна на посетителите на Интернет страната, бидејќи се наметливи.

Portal

Интернет страна која нуди толку многу содржини, па корисникот има мала причина да оди на друга страна за повеќе информации. Изворите може да вклучуваат директориуми со линкови, игри, email, шопинг центри и повеќе. Идејата е да се привлечае и да се задржи поголема публика и да се понудат различни секции на огласувачите. Yahoo е пример за портал.

Promotion and advertising

Многумина кога ќе го слушнат зборот маркетинг мислат на огласување. Во реалноста, маркетингот е многу поширок концепт, кој го вклучува огласувањето како еден од неговите основни методи на комуникација и промоција на прозводите и услугите. Огласувањето, продажната промоција и јавните односи претставуваат три екстремно важни форми на маркетинг комуникациите. Многумина од нас се изложени на илјадници огласи, промоции и нови приказни секој ден. Сумата на потрошени пари во овие три области се вртоглави па не е ни чудо што ова се најголема области.

Proof of performance

Некои огласувачи може да бараат доказ дека огласите, кои ги платиле навистина се прикажале и дека стапката на клик е прецизна. Во печатените медиуми, откинатиот дел од изданието докажуа дека рекламата одела. На Интернет, нема таква практика за доказ. Некои купувачи се потпираат на интегритетот на медиа брокерот и на Интернет страната. Огласувачот обично ја проверува Интернет страна за да утврди дали огласите се прикажуваат. Повеќето огласувачи бараат неделни бројки за време на кампањата.

PSA

public service announcement (PSA) Оглас за јавна услуга е оглас кој служи за јавен интерес и не се наплаќа, кога нема други комерцијални огласи на Интернет страната.  На пример: кога здравствената агенција на владата на САД води кампања против злоупотреба на дроги.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365