battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Интернет маркетинг речник – S

Интернет маркетинг речник – S

A /B /C /D /E /F /G /H /I /J /K /L /M /N /O /P /Q /R /S /T /U /V /W /X /Y /Z

_________________________________________________________

 

Sales promotion

Mаркетинг активности кои го стимулираат потрошувачот да купи и дилерот да оствари ефективност преку комбинација на директна продажба, огласување или сите пропратни продажни активности.

Search Advertising

Се исплати кои огласувачите ги даваат на Интернет компаниите да ги листааат или поврзат домејните на нивните веб страни до одредено барање на збор или фраза.

Search engine

Програма која ги означува документите, и потоа пробува за да ги спои релевантните документи кои посетителите ги бараат преку пребарувачот

Search engine marketing

Маркетиншка акција преку пребарувачот, во зависност дали целта е подобрување на местото во листата , купување на листа или комбинација од овие две и други search engine- поврзани активности.

Search engine  optimization (SEO)

Процес на таргетирање клучни зборови или фрази повзани со веб страната, и обезбедување соодветно место при пребарување на истите

Search engine  optimization firm

Компанија за оптимизирање на пребарувањето е компанија чии главни приходи се обезбедуваат преку услугите за оптимизација при пребарувањето. Главна услуга  на оваа компанија е да го зголеми сообраќајот на страните како резултат при пребарувањето. Овие компании се поистоветуваат и како Интернет маркетинг консултанти или професионалци за пребарување.

Search engine spam

Намерно влијание врз рангирањето при пребарувањето, вообичаено за страни кои содржат малку или нерелевантна содржина.

Search engine submission

Дел каде се регистрира URL адресата во пребарувачот со цел да му се даде на знаење на пребарувачот дека страната постои.

Search spy

Непрекинато рефреширање на страната кое овозможува преглед  во реално време при пребарувањето

Search terms

Зборови (или збор) кои ги внесува личноста што пребарува во пребарувачот. Исто се користат и како терми за кои личноста што пребарува мисли дека полесно ќе ја пронајде страната што ја бара. Исто така се нарекуваат и клучни зборови.

Self-serve advertising

Огласување кое може да се купи без асистенција на продавач

SEMPO

Search Engine Marketing Professional Organization, непрофитна организација формирана да ја зголеми свеста и ќе ги едуцира луѓето за вредноста на search engine маркетинг

Shopping cart

Софтвер кој се користи да направи веб страна со каталог на производи достапни за онлајн нарачки, каде посетителите можат да изберат да го погледнат производот, да додадат или отстранат производ или да направат нарачка. Софтвер кој е направен да ги следи купувањата на посетителите додека тие не се одјават од веб страната.

Shopping search

Пребарувач за шопинг им дозволува на купувачите да побараат производи и цени. Главното место за купување може да се купи на некои пребарувачи за шопинг.

Sig file

Краток блок на текст на крај од пораката идентификувајќи го испраќачот и овозможување дополнителан информација за нив.

Site map

Дел од една веб страна која ги дава на едно место линковите на секоја дуга подстрана која е дел од главната веб страна.

Site optimization

Ја модифицира страната за да ја направи полесна за алатката за пребарување за да ја  индексира автоматски што ќе резултира со подобар пласман во резултатите.
Спаѓа во Search Advertising.

Site search

Пребарувачка функционалност специфицирано само за една страна

Site promotion

Промоција на веб страната ги вклучува сите чекори кои ќе помогнат да се зголеми сообраќајот на страната, препознавање на адресата и бизнис. Промоција на веб страната вклучува, но не е лимитирана на оптимизација на пребарувањето. Бидејќи се поистоветува со Интернет маркетинг, оптимизација на веб страната и варијации на други термини, промоција на страната овозможува и платформа со која потенцијалните купувачи ќе се запознаат со новите бизниси.

Skyscraper ad

Онлајн оглас кој е подолг од банерот со димензии 120×240 вертикален банер со димензии 120×600

Slogan

Кратка, лесна за паметење рекламна фраза која се појавува во рекламите. На пример NIKE со “Just Do It”

SnailMail

Teрмин за обична и воздушна пошта> Овој начин на испраќање обично трае повеќе денови за разлика од испраќањето на маил.

Soft sell

Техника која користи низок притисок кој се појавува во огласите и генерира продажба или реакција

Spam

Несоодветна комерцијална порака со премала вредност

Spider/Пајак

Софтвер кој автоматски ги следи линковите на интернет. Најчести видови на пајаци се оние кои се користат од пребарувачите за индексирање на страните. Многу пајаци ги следат банер линковите преку броење на кликовите.

Splashpage

Брендирана страна која се појавува пред почетната страна, позната како “jum page”.

Split run

Процес за тестирање во кој се испраќа истиот оглас на две или повеќе групи со разчични наслови или копии за да се види ефектот на секоја.

Sponsorship

Oгласување кое бара да се обезбеди подлабока соработка и интеграција помеѓу огласувачот и интернет медиумот, често и вклучувајќи и изработка на мини веб страна спрецијално за одредената кампања.

Претставува специјално креирана содржина креирана за огласувачот, која може или не мора да вклучува елементи на рекламирање како банери, бренд лого, видео.

Spotlights

Се специјално направени страници кој ги инкорпорираат брендот на огласувачот и сместуваат колекација на содржина околу одредена тема.

Спаѓа под категорија Sponsorship

SSI

Server Side Include е дел од код во HTML документот кој се процесира од серверот секој пат кога страната се отвора. Се користи да се објави динамичка содржина на веб страната како скрипта за ротирачки банер.

Standards

Сет од стандарди креирани од Interactive Advertising Bureau (IAB)  за димезиите, тежините и имињата на онлајн огласите

Start date

Дата на која огласувачката кампања почнува

Static content

Содржина на веб страната која е тешко да се кодира на страната и не потекнува од датабаза. Пребарувачите немаат проблем со индексирање на оваа содржина, како што е случајот со динамичката содржина.

Statistics

Податоците кои се на софтверот за сервирање на огласите и се добиваат со секое сервирање на огласот и кликнувањето на истиот. Статистиката која се запишува може да дава едноставни податоци како вкупни импресии и стапка на кли или подетални податоци како тип на пребарувач, географска локација, оперативен систем и повеќе.

Stickiness

Количина на време потрошена на поминување на една веб страна во одреден период

Sticky

Термин кој се користи да се опише Веб страна на која посетителите остануваат подолго отколку на другите страни. Ова е често случај заради шареноликата содржина и предностите понудени на посетителите кои ги штитат од можноста да отидат на друга веб страна за повеќе информации. На пример, страните кои имаат онлајн игри се од ваков тип.

Subdomain

Традиционален дел од домеинот каде “www”  е локација која е на трето ниво или поддомеин на главниот домеин.

Subliminal

Потсвесно убедување е користење на огласувачка порака презентирана под значењето и навлегува во потсвеста. Визуелна или гласовна порака која како што се тврди дека е примена психолошки, но несвесно.

Supertitials

Збогатен формат на огласи кои се симнуваат во позадина додека посетителот ја чита веб страната и се појавува прозорец откако ќе заврши симнувањето. Тие се атрактивни за огласувачите бидејќи со нив се овозможува поголема и интерактивана реклама отколку преку обичните банери и бидејќи тие се симнуваат во позадина не се толку вознемирувачки како pop-up и takeover.

Surround session

Огласувачка секвенца во која посетителот добива огласи од огласувач за време на целата посета на страната

Sweepstakes & Contests

Може да опфаќа брендирани наградни игри на страната или целосно брендиран натпревар со аплицирање и судии.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365