battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Интернет маркетинг речник – T

Интернет маркетинг речник – T

A /B /C /D /E /F /G /H /I /J /K /L /M /N /O /P /Q /R /S /T /U /V /W /X /Y /Z

_________________________________________________________

 

Tag line

Слоган или фраза која ги содржи најважните атрибути на производот или предностите на производот кои огласувачот сака да ги содржи. Во главно ,тоа е темата на кампањата и се појавува во огласот. Може исто така да се појави како текст на кој може да се кликне веднаш под огласот и кога ќе се кликне на него води до истата страна која што се отвара и кога ќе се кликне на банерот.

Targeting

Можност да се сервира најсоодветниот оглас кој има поврзаност со содржината на страната, демографскиот профил или таргетирање по пребарувач. Напредните техники за таргетирање ги земаат предвид и однесувањето на посетителот и предвидуваат како ќе се однесува посетителот базирано на афинитетите и сличностите со другите посетители.

Testimonial

Изјава која вообичаено е дадена од познато лице или задоволен купувач, промовирајќи ја вредноста на производот, настанот или услугата. На примет Тајгер Вудс, како еден од најдобрите голфери, може да каже како одреден тип на голф топчиња се најдобри.

Text ad

Оглас во кој се користат хиперлинкови базирани на текст

Text link

Tекст кој што линкува до друга веб страна. Може да се најде на веб страните или во newsletter или во е-маил. Обично се издвојува со тоа што буквите се во сина боја и се подвлечени.  Кога ќе се кликне на него, посетителот ќе биде однесен на линкот кој е поставен во текстот.

Text link exchange

Mрежа каде што страните кои се членови објавуваат текст огласи во замена за кредити кои се конвертираат(користејќи претходно одредена стапка на размена) во огласи кои се објавуват на други веб страни

Throw away page

Домеин кој има многу ниска вредност. Тие често се користат за тестирање на нови тактики на оптимизирање на пребарувањето и можат да бидат забранети.

Title tag

HTML таг кој се користи да дефинира одреден текст во горната линија на пребарувачот, кој се користи и од страната на многу други пребарувачи како наслов на листи на пребарувања.

TLD

Top level domain е екстензија на домаин кој го следи домаинот. На пример во во САД “.com” се користи за бизнис, “.edu” се користи за образовни институции, “.net” за компании за мрежи,”.gov” за владини организации,”.mil” за војска и “.org” за непрофитни организации. Во прилог, повеќето земји имаат регистрирано и по две букви како “.ca” за Канада и “.uk”  за Англија.

Top 10

Топ десет резултати добиени од пребарувачот

Traffic

Број на посети, импресии и хитови кои ги добива страната

Trap door

Претставува вид на огласување со банери кое води на страна која не му дозволува лесно на посетителот да се врати на претходната страна каде што бил поставен огласот. Ова може да се направи со користење на meta refresh tag кој е поставен на 0 на страната која се отвора после кликнувањето на огласот во нов прозорец или пак копчето за назад е скриено.

Trick banner

Оглас кој ги мами луѓето да кликнат на него, користејќи имитација на порака од оперативен систем

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365