Home » Во фокусот » 10 лекции стекнати по 20 години PR бизнис

10 лекции стекнати по 20 години PR бизнис

Steve Cody, ко-основачот на Агенцијата Peppercomm издвојува 10 важни лекции за PR бизнисот по повод 20 годишнината од постоењето на агенцијата

1. Третирајте ја својата агенција како својот најважен клиент.
‘’Како и менаџерите во бејзбол и фудбал, така и PR компаниите се изнајмуваат за да бидат отпуштени.
Можеби ќе биде потребна само една недела, еден месец, година или пак деценија, но ќе дојде период кога ќе се соочите со губењето на водечката зделка. Одржувањето на стабилни односи со нови бизниси е апсолутно критично во оваа област. Најдобриот начин на кој можете да го направите тоа е преку креирање на посветен, in-house маркетинг тим кој е во константна потрага по нови, провокативни и креативни содржини.’’

2.Доживејте го во целост брендот на клиентот.
‘’Многу фирми ги земаат во предвид истражувањата на клиентите како свој репер. Вие заземете друг правец – влезете во чевлите на стејкхолдерите на бизнисот на вашиот клиент и доживејте го во целост брендот на клиентот. На овој начин ќе успеете да идентификувате кои клучни пораки на клиентот е потребно да креираат интеракција со таргет групите во склоп на нивните потреби и желби’’.

3. Ставете ги луѓето во фокусот .
‘’Многу од агенциите фокусот го ставаат врз листата на клиенти, други пак уживаат во глорификација на бројните награди кои ги добиле во текот на годините.
Доколку креирате култура која привлекува, и доколку ги задржите најдобрите таленти тогаш креирате можност за продуцирање на добитнички кампањи.
Како? – Луѓето се оние кои ги привлекуваат клиентите, а со тоа и компанијата има можност да креира добитнички кампањи. ‘’

4. Не обидувајте се да бидете се за секого.
‘’Оваа лекција ја научив на потешкиот начин – во првите години од формирањето на Peppercomm, прифаќавме работа со било кој клиент кој беше во можност да ни плати одредена сума на пари и како резултат на тоа прифаќавме зделки без да го добиеме потребното индустриско знаење , правевме грешки а со тоа не правевме ништо добро во насока на подобрување на реномето на фирмата. Бевме перципирани како генерализатори. Денес се фокусираме на 4 области и познати сме по тоа.
Задржувајте го својот фокус – фокусирајте се на клучни области во кои сте способни да ја работите својата работа. ‘’

5. Избегнувајте раст кој е креиран само колку за да постигнете раст по секоја цена
‘’Првичната перцепцијата на нашите клиенти добиена од самото име на компанијата беше дека сме специјалисти од областа на технологијата.
Peppercomm растеше за повеќе од 100% во следните 3 последователни години, нашиот раст се движеше во нагорна линија толку неконтролирано што моравме да вработиме ‘’било кого’’ со цел да ги завршиме задачите.
Денес процесот на селекција на клиенти го ограничивме на избрани клиенти каде можеме да вложиме квалитет и одлична услуга а со тоа да обезбедиме профит поголем од оној претходно кој го постигнавме само од потребата за раст.’’

6. Внимавајте при вработување на ‘’супер ѕвезда’’.
‘’Со текот на годините стекнавме искуство, а успеавме и да го ‘’избегнеме куршумот во неколку наврати’’ со вработување на признати експерти од индустријата кои поседуваа бројни препораки, одлични резимеа и листи на контакти. Во поголемиот дел од случаите експертите набргу згаснуваа, најчесто не беа во можност да ги исполнат своите задачи, а во поголемиот дел од случаите не успеваа да се вклопат во нашата култура.
Денес фокусирани сме на идентификација и креирање на ‘’супер ѕвезди’’ во рамките на сопствениот тим.’’

7. Напразно е само да се зборува.
’2006та година беше нашата најлоша година. Два големи клиенти најавија милионски соработки и покачувања на буџетите што водеше до дополнителни вработувања во тимот. Ниту еден од клиентите не го одржа својот збор а ние се соочивме со принудно отпуштање на вработени.’’

8. Да се биде поразличен е добро.
‘’Уште од самиот почеток прифативме да негуваме различна компаниска култура од онаа на останатите конкуренти – во рамките на менаџментот развивме stand-up комедиски тренинг како клучна компонента на развојот на менаџментот. Тоа го прифативме како начин на кој ќе ја подобриме својата презентација, своите вештини за слушање и креирање на извештаи додека во исто време креиравме уникатна култура.Овој наш пристап не беше сфатен сериозно поради предрасудите дека PR е сериозен бизнис за да се занимава со комедија. Денес рутински сме најмени од страна на клиенти и други компании да креираме уникатни работилници за комедија за нивните вработени Оваа наша пракса ни овозможи да бидеме номинирани од страна на Crain’s New York Business за број еден бизнис во цел New York. Да се биде различен е добро нешто’’.

9. Планирајте неуспех.
‘’Единствениот начин на кој континуирано ќе овозможите раст на својата експертиза и услуги е доколку ги тестирате своите нови производи услуги и идеи на пазарот. Доживеавме падови и неуспеси, меѓутоа станавме и пионери во голем број на услуги. За да станете иноватори, потребно е да прифатите ризична култура на неуспеси и падови (се додека преку таа култура успеете да научите и прифатите бројни и вредни лекции за вашиот бизнис)’’.

10. Погледнете ‘’зад аголот’’.
‘’Клиентите ги ценат и наградуваат партнерите кои ќе им помогнат да погледнат зад аголот, да детерминираат што е следно и да ги поттурнат своите граници. Оваа потреба на клиентите успеваме да ја овозможиме преку креирањето на комитет чии цели се да овозможи поглед на тоа што е следно. Станува збор за лидери на водечки тимови кои креираат момент на изненадување за нашите клиенти освежувајќи ги со своите нови и напредни размислувања и идеи. ‘’

Финален мудар збор или два :’’Иако  лекциите кои ги научив за својот бизнис не се сосема апликативни и на вашиот, PR бизнисите треба да бидат како снегулки. Секој од нас треба да има свој различен начин на гледање на нештата, различно да ги чувствува и да воодушеви со својата работа.  За жал многу од агенциите сеуште го прават истото што го правеле и пред 10 години, а тоа е само уште еден рецепт за катастрофа.’’

Steve Cody ко-основач на Peppercomm.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365