Home » Во фокусот » 11 UEPS признанија за McCann Белград

11 UEPS признанија за McCann Белград

 

Наградени кампањите за mts, Coca-Cola, MAXI, #Neželjena и Mastercard

Во конкуренција од 270 кампањи пријавени на традиционалниот UEPS конкурс, дури 11 признанија и`беа доделени на агенцијата McCann Белград и тоа за кампањите #Несакана, The Red Thread, mts го чува твојот свет, Започни нешто непроценливо, Знаете што купувате, Макси пазар – овошје и зеленчук, Макси Ретро и Крцко Орашчиќ.

Кампањата “#Несакана”, реализирана за НВО Центар за правата на жените, која оваа година е наградена и на фестивалите Golden Drum, Epica, Eurobest и SEMPL, освои златни признанија во категориите на Општествено одговорен и хуманитарен проект и Промоција на српската пропаганда во странство, како и две специјални награди, Признание Драган Сакан  – New Idea (за иновативни и уникатни идеи и проекти во областа на комуникациите, кои придонеле за афирмација и промоција на професијата) и наградата Art&Craft за Најдобра употреба на музика и звук. Кампањата е реализирана од страна на агенциите McCann Подгорица и McCann Белград, со поддршка на медиската агенција UM Подгорица.

Кампањата “The Red Thread” за компанијата Кока-Кола, која оствари успех на адвертајзинг фестивалите Mixx Awards, BalCannes и Kaktus, наградена е со злато во категоријата Промотивна интегрирана кампања – пијалаци. Покрај McCann Белград, кампањата ја потпишува и медиската агенција UM Белград.

“Може да се каже дека зад нас е една динамична и година полна со предизвици. Следејќи ги барањата на пазарот, но пред се`, внимателно наслушувајќи ги потребите на нашите ценети клиенти и нивните потрошувачи, верувам дека на овие предизвици одговоривме навремено, професионално и многу успешно. Задоволни сме од постигнатите резултати и горди сме на сите проекти кои ги реализиравме и кои се препознаени од страна на стручната јавност. Лично сум горда на целиот наш тим, но и на храброста на нашите клиенти. Верувам дека ќе го одржиме овој тренд, ќе ги оправдаме сите натамошни очекувања и заедно ќе бидеме уште похрабри и поуспешни и во наредниот период”, изјави Радојка Бошковиќ, Group Account Director во агенцијата McCann Белград.

МАКСИ кампањите освоија дури три награди. “Макси пазар – овошје и зеленчук” и “Макси Ретро” освоија сребро во категориите Промотивни интегрирани кампањи – Малопродажба, трговија и услуги и Бенд ПР. Кампањата “Знаете што купувате” освои бронза во категоријата Промотивни интегрални кампањи – Малопродажба, трговија и услуги. Кампањите беа реализирани од страна на McCann и UM Белград.

“Овие награди се потврда за силата на луѓето, односно успешната соработка меѓу нашите две агенции, UM Белград и McCann Белград, како и нашиот цврст партнерски однос со клиентите. Навистина сме горди на сите успеси кои ги остваривме оваа година и наградите кои ги освоивме”, изјави Дубравка Урошевиќ, Regional Account Director, UM Белград.

Бронзено признание во категоријата Директен маркетинг ја освои кампањата “Започни нешто непроценливо” за Mastercard.

Кампањата ” mts – го чува твојот свет” освои златна награда за Промотивна интегрирана кампања и прогласена е за најдобра кампања во категоријата Телекомуникации.

Во категоријата Корпоративен и интерен ПР, McCann Белград освои сребрена награда за проектот “Крцко Орашчиќ”, со кој агенцијата минатата година на своите партнери им ја честиташе Нова Година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365