Home » Во фокусот » 11 Викенд Медиа Фестивал од 20 до 23 септември

11 Викенд Медиа Фестивал од 20 до 23 септември

  • Ќе ги “претресиме“ сите теми релевантни за индустријата: На Викенд Медиа фестивалот дознајте дали можете да му верувате на вашиот мобилен и дали претседателите ги слушаат своите комуникациски консултанти
  • Во Ровињ ќе се одржи и седмото издание на BalCannes, кое ги води најдобрите агенции од регионот на Cannes Lions 2019.

Викенд Медиа Фестивалот во своето единаесетто издание и оваа година од 20-ти до 23-ти септември во старата фабрика за тутун во Ровињ ќе ги собере професионалците од комуникациската индустрија од целиот регион. На предавањата, трибините и работилниците ќе бидат “претресени” сите актуелни теми и трендови, од политика и дигитализација, до литература и експедиција на Јужниот Пол, заради кои сигурно нема да недостигаат жестоки дебати.

Оваа година Викенд Медиа фестивалот ни носи навистина разновидни теми на предавањата и панелите, како и многу интересни партнери на фестивалот, Франција и Германија. Целата стара фабрика ќе биде во духот на урбаните Париз и Берлин и сите посетители ќе можат да уживаат во нивната култура, уметност и начин на живот “, вели Томо Рицов, директор на фестивалот.

Адрис група и оваа година продолжува да биде сигурен партнер на фестивалот, кој во своите десет години од своето постоење се етаблира како омилено место за сите професионалци и љубопитни луѓе отворени за нови знаења и искуства од индустријата за комуникации.

Адрис е домаќин и покровител на Викенд Медиа фестивалот од првиот ден. Оваа соработка за нас има повеќекратно значење. Годишно организираме повеќе од 130 конференции и настани, од кои Викенд Медиа Фестивалот е секако, најголем, најпознат, најдолгтраен и настан со кој сè започна пред десет години. Со инвестициите од 4 милијарди куни во развојот на туристичката понуда на највисоко ниво, создадовме услови Ровињ да стане посакувана и препознатлива дестинација за настани во регионот и во светот. За тоа голем придонес има и Викенд Медиа фестивалот. Овај фестивал донесува голема креативна енергија, ги носи најновите светски трендови во комуникациската индустрија и привлекува неколку илјади посетители во Ровињ, со што значително ја продолжува туристичката сезона и претставува одличен начин за промоција на оваа дестинација“, изјави Кристина Милјавац од корпоративните комуникации на Адрис група.

Најочекуваниот викенд во првите десет години се позиционираше како омилено собиралиште за сите професионалци од комуникациската индустрија, а во втората декада ќе зачекори со уште поинтересна програма и атрактивни награди за најдобрите агенции од регионот. Дел од богатата програма ќе биде посветена на земјите-партнери кои преку предавањата и изложбите ќе ни ги презентираат парискиот шарм и берлинскиот мултикултурализам; нивните уметници, интелектуалци и иноватори.

 “На фестивалот традиционално ги истражуваме промените на пазарот на локално и на глобално ниво и се обидуваме да “загребиме“ малку подлабоко под површината на она што се случува околу нас. И оваа година собравме експерти од различни области кои ќе зборуваат за теми кои сигурно ќе нè натераат на размислување. Од самиот почеток нашата цел беше да станеме место за соработка на креативците, информирање за новите трендови и дискускутирање за теми релевантни за комуникациската индустрија. Мило ми е што гледам дека денес, како такви нè препознаваат колегите и одвај чекам да видам каде ќе нè однесат дискусиите на фестивалот оваа година“, изјави Никола Врдољак, програмски директор на фестивалот.

“Ме шпионира ли мојот мобилен телефон?” е прашањето што секој си го поставил барем еднаш, откако мобилните телефони станаа паметни. Што сè нашиот телефон може да направи без наше знаење или дозвола, ќе ни открие Ален Делиќ, еден од водечките консултанти за безбедност на информациите на компанијата Diverto, на предавањето “Дали му верувате на својот телефон?“. Пратеникот во парламентот во веројатно најдигитализираната земја во светот, естонецот Кејл Палинг, на предавањето “Дигитална Република Естонија” ќе зборува за тоа какво е чувството со животот да се управува онлајн, додека Дејан Верчиќ, партнер и директор за знаење во словенечката компанија Stratkom на предавањето “Комуницирање после зборовите” ќе објасни како комуникацијата ја вративме на самиот нејзин почеток – сликата – и како тоа влијае врз комуникацијата денес.

Со мултимедијалното предавање “Поларен сон – Првата хрватска експедиција на Јужниот Пол”, Давор Ростухар, најпознатиот хрватски авантурист, ќе покаже како да се поместат сопствените граници и преку што сè треба да се помине за да се остварат сопствените соништа.

На предавањето “Агрокор – дали медиумите му помогнаа или одмогнаа на Lex Agrokor“, ќе ги анализираме известувањата за Lex Agrokor и кризата околу “Grupа Borg“. Падот на Агрокор значеше и исчезнување на Unex, кој по гаснењето на Digitel речиси и да немаше релевантна конкуренција на пазарот на огласување. Како исчезнувањето на Unex влијаеше на пазарот на медиумите, кој профитираше, а кој изгуби, ќе дознаеме на панелот Живот по ерата на Digitel и Unex”.

Клучните луѓе од регионот на панелот “Парите никогаш не спијат: Реструктуирање на медиумскиот пазар ќе ги анализираат аквизициите кои ја променија медиумската сцена и ќе објаснат што ќе значи тоа за понатамошниот развој на медиумите, додека водечките комуникациски советници на премиерите и претседателите од регионот на панелот “Западно крило – Како да се советува претседателот“, ќе дискутираат за важноста на улогата на ПР професионалците во кариерата на политичарите, ќе откријат колкаво е нивното влијание и дали ги слушаат нивните клиенти.

Кристијан Новак, најчитаниот автор во Хрватска, на своето предавање ќе раскаже како од анонимно момче со неговата работа дојде на листата на училишните лектири и ги отвори сите теми за кои му беше кажано дека не смее.

И оваа година, како дел од Викенд Медиа Фестивал ќе се одржи BalCannes, а агенциите од целиот регион можат да ги пријават своите проекти до 1 септември 2018 година. На седмото издание на BalCannes ќе се изберат 25 најдобри комуникациски проекти од целиот регион. Најдобрите меѓу нив ќе добијат специјална награда на жирито, BalCannes лавови, додека најдобрата агенција од регионот ја очекува специјална награда – натпреварување на Меѓународниот фестивал на креативноста Cannes Lions 2019. Организаторите на BalCannes, Хрватското здружение за пазарно комуникацирање (HURA) и Викенд Медиа Фестивалот, на најдобрата агенција ќе и` ги покријат трошоците на пријавувањето на еден проект на натпреварувањето на Cannes Lions 2019 година.

Најважните регионални дигитални награди SoMo Borac, и оваа година ќе бидат доделени на Викенд Медиа фестивалот во Ровињ. Ќе дознаеме кој имал најдобра кампања на социјалните мрежи, кои се најдобрите веб страници и мобилни апликации, а ќе откриеме и кој доминирал во content маркетинг. Тука не е крајот, бидејќи наградите SoMo Borac се доделуваат во вкупно девет категории. Најдобрите ќе бидат избрани од големо жири, составено од дигитални стручњаци од најистакнатите агенции од регионот. Пријавите се отворени и траат до 5 септември.

Освен конструктивните, а понекогаш и провокативни дискусии за трендовите во комуникациската индустрија, Викенд Медиа фестивалот е познат и по своите најдобри забави. И оваа година нè очекува разновидна музичка програма и дружење долго во ноќта.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365