Home » Најнови вести » 13-ти септември – краен рок за пријавување проекти на Голден Драм

13-ти септември – краен рок за пријавување проекти на Голден Драм

Меѓународниот фестивал на креативноста Golden Drum, кој оваа година ќе се оддржи по 23-ти пат од 18 до 21 октомври во Љубљана, го објави конечниот рок за пријавување на проектите: 13.09.2016.
Овогодишните пријави која ќе пристигнат на Golden Drum, ќе ги оценуваат две жири комисии составени од 22 меѓународно признати стручњаци од креативните индустии.

golden drum 2016 - prodolzen rok

Имам многу големи очекувања. Проектите во овој регион се исклучително смислени и добро изведени. Ќе барам стратешки, врвно изведени идеи кои ги предизивикуваат општествените граници“, изјави Graham Land, главен креативен директор на агенцијата Y&R Advertising за Јужна Африка и Африкапретседател на жирито за најдобар проект на Golden Drum.

Golden Drum за оваа година најави бројни новини, па така и двете натпреварувачки секции, Најдобар проект и Најдобра пракса, целосно се преуредени, а воведена е и нова натпреварувачка секција Best capture of local spirit, за проекти чии креативни решенија се базирани на локалниот дух на некое подрачје. Посебна новост на овогодишното натпреварување претставува и регионалната награда Golden Drum Adriatic Awards, отворена за учесниците од јадранскиот регион.

Eduardo Marques, извршниот креативен директор на агенцијата 189 LA од Калифорнија и претседател на Best Practice жирито, коментирајќи ја важноста на фестивалските награди изјави : Наградата е признание за сјајните проекти. Тоа е службен печат. Тоа е мемори на агенцијата. Тоа е она поради кое дишеме !

Голден Драм натпреварувањето и наградите се отворени за сите агенции, огласувачи, клиенти, дизајнерски или продукциски куќи, медиски куќи и други кои се вклучени во создавањето или продукцијата на маркетинг комуникациите, регистрирани во следните земји: Албанија, Ерменија, Азербејџан, Белорусија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Чешка, Кипар, Естонија, Финска, Грузија, Грција, Унгарија, Израел, Казахстан, Косово, Киргистан, Латвија, Либан, Литванија, Македонија, Малта, Молдавија, Црна Гора, Полска, Романија, Русија, Србија, Словачка, Словенија, Таџикистан, Туркменистан, Украина и Узбекистан.

Важни датуми:

Пријави и регистрација на делегати: отворени

Крајни рок за пријава на проекти: 13. септември

Early bird пријави за делегати: 20. септември 2016

Повеќе за Голден Драм фестивалот можете да пронајдете на : www.goldendrum.com

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365