Home » Во фокусот » 133 пријавени кампањи за наградите KAKTUS 2015

133 пријавени кампањи за наградите KAKTUS 2015

На конкурсот за наградите KAKTUS 2015,  кои ги организира порталот Marketing mreza, се пријавиле вкупно 113 кампањи. Првото национално доделување на годишни награди во областа на интегрираните комуникации предизвика голем интерес кај агенциите и компаниите од Србија. За наградите, кои се додеулваат во 13 категории, конкурирале вкупно 27 агенции и над 50 компании.

Kaktus festival 2015

“На нашата индутрија и’ е потребен еден ваков фестивал и навистина верувам во идеите кои успеваат да се родат и да опстанат во најтешки услови. KAKTUS фестивалот пркоси на изговорите и мртвилото и се надевам дека ќе го размрда нашиот пазар и ќе биде инспирација да се бориме уште повеќе и да бидеме се подобри. Особено ми е драго што фестивалот е насочен кон интегрираните кампањи, бидејќи тие се секогаш одличен показател за стратешко-креативната зрелот. Се радувам на соработката со колегите од жирито и им посакувам добредојде на членовите од регионот. Не’ чека важна задача – да бидеме професионални, непристрасни, да ја наградиме и поддржиме креативноста и да поставиме стандарди кои, се надевам, ќе бидат добар темел за сите наредни KAKTUS фестивали од година во година. Нека победи најдобриот!”, изјави Ања Радуловиќ, креативен директор на агенцијата Leo Burnett и претседател на жирито за наградите KAKTUS 2015, по повод затворањето на конкурсот.

За тоа кој ќе ги добие овогодишните KAKTUS награди ќе одлучива стручно жири составено од угледни професионалци од креативните, ПР и дигителни агенции од Србија и регионот. Жирито за Србија ќе работи во состав: Ања Радуловиќ (Leo Burnett), Борислав Милјановиќ (Represent Communications), Борис Марчетиќ (Popular Bruketa&Žinić OM), Весна Чераниќ (Executive Group), Владимир Чошиќ (McCann Beograd), Владимир Митровиќ (Ovation BBDO), Дејан Ранџиќ (DNA Communications), Игор Грмуша (Degordian), Иван Живковиќ (Pioniri Communications), Леа Станковиќ (Communis DDB), Марина Гриховиќ (Headline i Dkit), Милош Илиќ (LUNA/TBWA Belgrade), Милоје Секулиќ (Homepage), Невена Куртовиќ (Fusion Communications), Небојша Бабиќ (Orange Studio), Славиша Савиќ (New Moment New Ideas Company), Срџан Ерцег (HUGE Media), Срџан Михајловиќ (Grey Belgrade), Тамара Бекчиќ (Chapter 4 PR) и Тони Лауренчиќ (Idea Plus Communications)

Регионалното жири го сочинуваат: Ален Кекиќ (I TO NIJE SVE!, Хрватска), Вања Блуменшајн (Señor, Хрватска), Весна Бегановиќ (Via Media, Босна и Херцеговина), Зоран Тројар (Sonce.net, Словенија) и Оливер Новески (Brand Union, Македонија).

Наградите ќе бидат свечено доделени на фестивалот за интегрирани комуникации KAKTUS 2015, кој ќе се одржи на 29 октомври во Мадлениануму, Земун (Белград).

Повеќе информации за фестивалот можете да најдете на веб-страната www.kaktus.rs.

Автор

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365