Home » Во фокусот » 2019 ќе биде година на мобилно огласување во Кина

2019 ќе биде година на мобилно огласување во Кина

81% од огласувачите во едно истражување изјавиле дека планираат да ги зголемат своите вложувања во мобилното рекламирање на сметка на дигиталната телевизија

Маркетинг буџетите значително се менуваат во Кина, според извештајот на компанијата AdMaster. Извештајот насловен како “Дигитални Трендови во Кина 2019” ги разработува рзултатите од една анкета во која беа вклучени 110 огласувачи и 130 експерти за дигитален маркетинг во Кина.

Како што дигиталниот маркетинг го продолжува својот раст во Кина, поголемиот дел од тој раст ќе се одвива на мобилните уреди.

Во извештајот се вели дека 79% од анкетираните огласувачи планираат да ги зголемат инвестициите во дигитален маркетинг во 2019 година Речиси една третина од испитаниците ќе ги зголемат своите инвестиции за 30%, додека просечното зголемување на вложувањата ќе биде за 20%. Тоа е 2% повеќе од растот во 2018 година и покрај прогнозите кои предвидуваат дека 2019 година ќе биде година на предизвик.

На мобилните уреди ќе оди најголемиот дел од овој раст на инвестициите: 81% од огласувачите планираат да ги зголемат своите вложувања во огласување на мобилни уреди, додека само 11% ќе ги зголемат своите буџети за веб-страници со десктоп компјутери. Половина од испитаниците велат дека пребарувачите се нивниот префериран канал за рекламирање на десктоп компјутери.

Фактот што некои од испитаниците повеќе ќе ги насочат вложувањата на мобилните уреди е на сметка на дигитална телевизија. Додека 28% од анкетираните огласувачи ќе ги зголемат своите инвестиции во дигитална телевизија во 2019 година, 27% велат дека следната година не планираат да се рекламираат на дигитална телевизија.

Деталниот поглед на планираната потрошувачка на мобилни уреди, покажува дека повеќето огласувачи очекуваат дека своето мобилно огласување ќе го фокусираат на социјалните медиуми и видео платформите. Повеќе од половина велат дека социјалните мрежи и видеото ќе бидат главен фокус на нивното мобилно рекламирање.

Овие промени во огласувачките стратаегии бараат и точни податоци, така што не е изненадувачки дека речиси 60% од испитаниците предвидуваат дека big-data маркетингот и клауд технологијата да бидат најпопуларни во областа на маркетингот во 2019 година, а потоан следат вештачката интелигенција (55%) и платформите за управување со податоци (46%).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365