Home » Во фокусот » 3D пешачки премин кој ги успорува автомобилите

3D пешачки премин кој ги успорува автомобилите

Неверојатен концепт кој ги прави пешаците во сообраќајот побезбедни од било кога

Во малото рибарско место Ísafjörður во Исланд, насликан е нов пешачки премин кој изгледа 3D, а всушност е многу паметно смислена оптичка илузија. Овај иновативен дизајн не само што ги забавува пешаците кои имаат чувство дека одат во воздух, туку и го привлекува вниманието на возачите кои сигурно ќе ја намалат брзината откако ќе здогледаат навидум лебдечки пешачки премин.

Исландскиот комесар за животна средина Ralf Tryll се одлучи да го наслика преминот на овај начин во Ísafjörður откако видел сличен проект во Њу Делхи во Индија. За реализација на овај проект достоен за пофалба, ја ангажираше локалната компанија Vegmálun GÍH која неговата желба ја претвори во стварност.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365