Home » Во фокусот » 5 карактеристики на содржината која обезбедува повеќе од клик

5 карактеристики на содржината која обезбедува повеќе од клик

Автор: Наташа Велковска, ПР Менаџер во Represent Communications Скопје

Честопати се прашувам зошто скролајќи, особено на социјалните мрежи, сопирам на определени објави, а други само ги одминувам?

Зошто некои написи (особено наслови) секогаш успеваат да ми го привлечат вниманието во мноштвото онлајн содржина со која сме бомбардирани секојдневно?

Што очекувам по кликот на определен линк?

Факт е дека многу психолошки и индивидуални фактори се во игра. Но, колку и да се потпираме на индивидуалниот избор сепак постои содржина која е генерално популарна. Што е тоа што го знаат креторите на таквата содржина, а другите го немаат.  Не секогаш она што е почитаното е повредно и пополно со информации.. Квалитетната содржина е достапна насекаде но важно е:

  • Кој ја креирал? Луѓето имаат доверба во некој кој претставува авторитет во дадена област.
  • Колку содржината ја ангажира публиката на која и се обраќа? Никој не сака да биде само нем читател, слушател, гледач на туѓото знаење и успех. Содржината која им дава можност да учествуваат, да се чувствуваат вклучени и дел од заедницата, па макар и само со like или коментирајќи, е привлечна за многу поголема публика.
  • Како ги поттикнува и мотивира? Содржината која ги поттикнува да веруваат во себе, да ја искористат својата вештина, да научат и применат нова, да коментираат, споделат… е неминовно популарна.

Зборувајќи за содржина која како на маркетери ќе ни донесе клик, во време кога се помалку луѓе кликаат на банер намерно (дури 60% од кликовите се случајни), а ad blockers особено кај младите корисници се must, важно е да ја најдеме онаа „тајна состојка“ која ќе направи нашиот блог пост да се  појави на врвот на пребарувачот, да отскокне во news feed видеото на клиентот што продава спортска опрма или фотографијата на клиентот што нуди финансиски услуги. Или според Крег Дејвис, мора да престанеме да бидеме оние што ги прекинуваат луѓето додека го прават она што ги интересира и да бидеме она што луѓето ги интересира.

Според Marketing Insider Group 90% од сите кликови на дигиталните реклами се од ботови, а само 9% од нив вниманието го задржуваат подолго од една секунда.

Како „зависник“ од социјални мрежи, конзумирајќи и креирајќи содржина, искуството ме научи да издвојам неколку карактеристики кои според мене секогаш генерираат поголем интерес.

1.Наслов пари вреден (стар, но добар факт)

Ова е вечна вистина уште од златното време на весниците. Но, во дигиталното време во кое живееме, повеќе од 80 проценти од луѓето не одат понатаму од насловот. 8 од 10 ќе прочитаат наслов и можеби поднаслов, а само двајца целиот текст. Според истражување на Conductor  во рамки на кое биле анализирани над 150 000 наслови на блог постови и написи линкувани на социјалните мрежи, ставајќи бројки во насловот за 36% ги зголемувате шансите за клик.

2. Бројки, табели, инфографици…

Како да си обезбедите инстант кредибилитет?

Истражете и прикажете ги во бројки и табели заклучоците од истражувањето со кое ја поткрепувате информацијата што сакате да ја споделите со читателот. Ако сеуште немате изграден личен авторитет, потрудете се да најдете студии и статистика кои ви одат во прилог. Луѓето секогаш повеќе веруваат на факти и податоци отколку на мислење. На пример, едно истражување на Aner Tal и Brian Wansink покажало дека луѓето побрзо ќе поверуваат дека некој лек е ефикасен доколку се презентирани неговите карактеристики преку визуелни елементи кои изгледаат научно (графици, формули и сл). Според студиија од Claremont University ваков тип на визуелни елементи го зголемуваат кредибилитетот на написот за 75%.

3. Цитирај (се родиле многумина паметни пред тебе)

“We need to stop interrupting what people are interested in and be what people are interested in.” ~ Craig Davis, former Chief Creative Officer at J. Walter Thompson.

Ви звучи познато?

Да, го употребив погоре во текстот но многу поефектно и поперсуазивно е за читателот кога ќе го види  во наводници оти нели ги цитираме само оние кои се паметни и успешни. Ако е во наводници мора да е вистина.

4. Приказна

Да се навратам на студентските денови. На мојата катедра по Општа и компаративна книжевност приказната е императив, а начинот на кој е раскажана ја прави разликата меѓу банално и неповторливо.

Подоцна како тв новинар, уредник, водител, ако немав што да раскажам немаше да останам 10 години во медиум кој бара постојано да ги реосмислуваш и прераскажуваш својата и туѓите приказни на поинаков начин.

Приказната е онаа која никогаш не излегува од мода, која ги инволвира луѓето, која ги држи заинтересирани да дочитаат или догледаат до крај и ако ја имате вештината да ја раскажете како да ја раскажувате исклучиво и засебно за секој еден читател да се почувствува како да е само негова, тогаш сте успешен content креатор. Така секогаш во маркетинг приказната на својот клиент ќе го обезбедите кликот но нема да го изневерите конзументот / читателот/ гледачот на содржината бидејќи сепак ќе му ја  понудите информација што му треба или го забавува во дадениот момент.

5.Времето е пари ( не ги терајте да читаат фермани)

Никој нема време да чита долги текстови, бескрајно начичкани букви, никаде параграф или слика за да здивнеш. Дури и да е одличен насловот по кликот соочувајќи се со таков, непривлечен за око, текст најголем дел од читателите ќе „избегаат“.

Искуството покажува дека кликнувајќи го насловот вообичаено ги читаме првите неколку реда, скроламе додека да налетаме на интересен поднаслов и ред-два под него. Практично го скенираме текстот, но активно и внимателно читаме само ако скролајќи налетаме на нешто што е на наша фрекфенција, што ќе резонира со нашата моментална потреба или интерес како читател. Оттука заклучуваме дека е навистина важно добро да го структурираме текстот во параграфи и поднаслови кои поттикнуваат акција па макар и таа била да го прочитаат текстот до крај.

Ако дочитавте до крај – Ви благодарам на вниманието и слободно споделете.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365