Home » Во фокусот » 5 причини зошто имате нефункционални врски со своите клиенти

5 причини зошто имате нефункционални врски со своите клиенти

Секоја врска со клиентите треба да биде силна, партнерска врска базирана врз доверба која воедно ќе ја промовира и вашата стратегиска способност и експертиза.
За жал многу PR и маркетинг агенциии не успеваат да ги зачуваат односите со своите клиенти иако тие веројатно ако се реагирало на време, би можеле да бидат спасени.

Извор: thehippygeek.files.wordpress.com

Извор: thehippygeek.files.wordpress.com

Постојат и повеќе, но еве пример за пет причини зошто врските со клиентите слабеат и како да се поправат нештата пред да биде премногу касно:

1. Ја користите старата тактика за ‘’фрлање на мамката’’ но потоа паѓате на предизвикот
Еден потенцијален клиент секогаш ќе има во предвид идеи од неколку PR агенции кои ќе се борат за да добијат соработка со нивниот бизнис. За да ја затворат зделката на состаноците неколку од агенциите ќе ги донесат своите директори. Клиентот е импресиониран од калибарот на предлозите на еден од PR тимовите и им ја доверува работата во нивни раце.
Кратко по состаноците, менаџерите никаде ги нема а клиентот соработува со дел од техничкиот тим кој не може да се справи со висината на задачата. Не е изненадувачки што во оваа фаза клиентот станува фрустриран од неспособноста за стратегиско советување и на недостатокот на транспарентност во односот и ја завршува соработката.

Решение: Како PR експерти, бидете автентични и искрени.
Зошто да не преземете и таков сличен пристап и кон вашите партнерски односи?
Иако топ менаџери се оние кои се задолжени за водење на бизнисот, секоја нишка од процесот е важна, затоа многу е битно и менаџерите да бидат запознаени со техничките аспекти на водење на задачата и да не забораваат на комуникацијата со клиентот.

2. Не го разбирате бизнисот на вашите клиенти

Почетните фази на PR/client партнерствотот се како додворување.

Полека се запознавате едно со други, среќни сте и возбудени за заедничката врска и комуникацијата. Како што поминува времето, станува многу видливо тоа што комплетно не сте ги разбрале нив и нивните цели. Идеите кои му ги давате на клиентот немаат  позадина и не се поткрепени а со тоа го разочарувате.

Решение: Закажете “нов иницијален состанок“ за да ги разберете нивните цели

Покажете посебен интерес на нивната визија, услуги и производи и што е тоа што ги прави поразлични од конкурентите. Истражувајте повеќе за нивната дејност , следете ја постојано нивната но и конкурентската стратегија и сите новости кои се поврзани со нивната работа- бидете постојано информирани. Прашувајте прашања, разберете ги одговорите порано затоа што тоа ќе ви обезбеди одлична врска и препораки.

3.Вашите идеи се застарени и традиционални

Многу клиенти сакаат PR  професионалците да размислуваат подалеку од границите на традиционалните методи. Во маркетингот ‘’само небото Ви е границата’’, кога се обидувате да откриете нови пристапи кон раскажувањето на приказната за брендот на клиентот.
Доколку размислувате за пресови нема да стигнете многу далеку со својата визија- потребно е да ја погледнете сликата ‘’пошироко и подлабоко’’.

Решение: Бидете подготвени, разгледувајте ги кампањите на останатите конкуренти, приклучувајте се на работилници, семинари, обуки- надградувајте го своето знаење. Учете за новите технологии и инкорпорирајте ги во своите стратегии со самодоверба.

4.Не го мерите својот успех

Кога станува збор за мерењата, се случува и тие да се изостават.
Мерењата се многу важни кога станува збор за презентирање на перформансите на концептите пред клиентите.

Решение: Детерминирајте сет на јасни цели пред да вклучите стандардна метрика во извештаите од својата работа. Демонстрирајте ја вредноста на PR над метриките достапни во секторот, со јасни цели кои се постигнати со цел да бидете разбрани не само од своите колеги и соработници туку и тимот на клиентот но и самиот клиент. Размислувајте кои метрики да ги инкорпорирате во својата работа.

 5.Не ги почитувате роковите
Сите често правме повеќе работи оддеднаш. PR експертите пак, континуирано се соочени да соработуваат со бројни клиенти од повеќе дејности, менаџираат интерни и екстерни тимови, пребаруваат потенцијални нови клиенти и бизниси, креираат содржини и приказни.
Кога не покажувате одговорност кон својот клиент и почесто ги прескокнувате роковите предвидени за извршување на своите задачи, оддавате слика за себе како недоверлива личност која не е примерна или пак другите клиенти и проекти ги става како свои приоритети.
Решение: Бидете реалистични кога се согласувате на рокови во својата работа. Секогаш е подобро да ветувате помалку отколку повеќе.
Доколку имате премногу обврски што резултираат во одложување на задачите преговарајте со своите клиенти и закажете нови рокови.
Бидете страствени за својата работа но пред се проактивни, континуирано гледајте напред и научете како да ги подобрите своите вредности и да ја унапредите својата работа а со тоа и резултатите на своите клиенти.

Извор: prdaily.com

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365