Home » Во фокусот » 5 видови на однесување на ПР луѓето кои ги уништуваат односите со медиумите

5 видови на однесување на ПР луѓето кои ги уништуваат односите со медиумите

Текст на Џејн Табачник – ПР професионалец, писател и издавач на книги.

Приемното сандаче за пораки и телефонот се дел од алатките на секој новинар.

Иако дел од нивната работа е да бидат отворени кон “непобарани питчови”, новинарите ја повлекуваат линијата кон некои тактики кои тие нема да ги толерираат. Направете една од нив само еднаш и можеби засекогаш да бидете ставени на „црната листа“.

И покрај тоа што ПР професионалците треба да го знаат ова уште пред да се наречат ПР професионалци, вреди да се повторат некои основни правила за успешно питчување. Лошото однесување, како и лошите питчови, може да доаѓаат од индивидуалци, ПР професионалци, корпоративен персонал, инфлуенсери или блогери. Немојте да бидете таа личност.

Еве пет работи кои може да ви ги уништат односите со новинарите:

  1. Лажење

Никогаш немојте да лажете некој новинар. Тие се паметни, истренирани прфесионалци кои ќе ја откријат вистината. Секој од овие видови на однесување ќе ве претстави како недоверливи пред искусните новинари:

  • Чисти лаги
  • Изоставувањето на клучни детали
  • Задржување на информации
  • Сокривање на недостатоците на приказната, производот или темата (за кои сте свесни)

Новинарите никогаш не сакаат да бидат заслепени или посрамени кога ќе се појави на виделина некоја информација „за која требало да знаат“ откако ќе достават некој прилог до уредникот, или уште полошо, откако ќе биде публикуван.

Вашите иницијални питчови треба да бидат кратки, но откако новинарот ќе изрази интерес за приказната, време е да откриете се’ што знаете, или ќе ризикувате да бидете „банирани“.

  1. Нудење на мито

Немојте да нудите компензација од било каков вид за да биде објавен прилог за вас, вклучувајќи пари, подароци или понуди за размена. Понудата да го споделите прилогот со вашата армија на следбеници на социјалните медиуми како поттик медиумите да пишуваат за вашиот производ или клиент е исто така табу. Подароци од каков било вид, вклучително и сите форми на компензација, одат против етичкиот кодекс на новинарството и ќе ви биде покажан излезот уште пред да трепнете.

Наместо тоа, питчувајте подобра приказна за која тие ќе сакаат да пишуваат. Бидете сигурни дека се вклопува со темите кои ги обработуваат.

  1. Питчување на иста приказна

Мнозинството од новинарите сакаат или инсистират на ексклузивитет за некоја сторија. Ако питчувате повеќе од еден медиум со некоја приказна од ист агол, тоа треба да им го кажете на новнарите од старт.

Немојте да питчувате иста приказна која претходно била обработена од сличен медиум и во никој случај немојте да криете доколку претходно била некаде објавена. Новинарите сакаат да бидат први кога објавуваат некоја оригинална приказна. Никој не сака да биде обележан како „копирач“.

Наместо тоа, најдете некој нов агол или надградете ја вашата приказна на начин на кој претходно не била покриена. Понудете им на новинарите ексклузивитет за одреден период и ќе имато многу поголеми шанси за успех.

  1. Барања со ултиматум

Не постои ситуација во која е соодветно да искажувате цврсти барања или ултиматуми до новинарите. Ова вклучува специфично просторно поставување, инсистирање за вклучување на некоја фотографија или линк и слични побарувања.

Дали некој новинар или медиум ќе одлучи да објави или не некој прилог е исклучиво нивна одлука.Тие не работат за вас.

Спецификите за тоа што ќе одлучат да вклучат во веста е само до нив. Прашување “со убаво”, молење или постојано прогонување – сите можат да ве попречат да работите повторни со нив.

  1. Доцнење или промашување на крајни рокови

Новинарите работат со рокови, па вие како релевантен извор треба да се стремите да ги исполните побараните рокови за доставување на информации, изјави или фотографии кои сте ги ветиле.

Најлошото нешто што може да направите е да оставите новинар да чека за некој прилог или да пропуштите некој рок за кој сте се договориле претходно. Невраќањето на повици во брз временски интервал може да предизвика тие да не исполнат некој краен рок, што може да се одрази катастрофално врз нивната работа, давајќи им добра причина да ги прекинат односите со вас.

Се случуваат работи во животот. Можеби не можете да ги соберете сите податоци кои ги бараат од вас или не можете да добиете дозвола за користење на фотографија која тие сакаат да ја искористат. Информирајте ги новинарите навремено за да можат да најдат алтернативен извор или повлечете ја сторијата со доволно време за да можат го пополнат испразнетиот простор во нивната публикација.

Размислувајте како можете да им ја олесните работата на новинарите. Преку нудењето на одлични прилози и со следењето на овие едноставни насоки, нема да има потреба да се грижите дали ќе бидете „банирани“. Можеби и тие ќе почнат да ве бараат кога им е потребна интересна приказна.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365