Home » Extra 5 » Пет знаци кои покажуваат дека сте роден лидер

Пет знаци кои покажуваат дека сте роден лидер

Да се ​​биде лидер не е ни малку наивна работа и многу директори не умеат да бидат добри шефови и да ги водат и мотивираат своите вработени на вистински начин. Се поставува прашањето: “Како се дефинира доброто раководење?” Марсел Швантес, основач и директор на консултанската агенција Leadership From the Core, верува дека сè се сведува на следново: доброто раководење се состои во служење на другите. Поточно, тоа се сведува на служење на вашите вработени и нивното поставување на еднакво ниво со вашите клиенти (а понекогаш дури и пред нив). Ова значи зајакнување на вашите работници со знаење и нивно насочување кон успехот. Тоа е она што Марсел го пронајде во некои од најдобрите компании на светот и врз основа на кои, ги состави овие пет карактеристики на родените лидери.

Без оглед на тоа дали сакате да се развивате себе си како лидер или барате да вработите луѓе со лидерски способности, овие пет ставки може да ви помогнат.

  1. Многу добро се поврзувате со луѓето

Силните лидери лесно се поврзуваат со другите, покажувајќи ја својата човечност. Прифаќаат дека не се совршени и дека прават грешки (и навистина признаваат дека ги прават!). Кога вработените прават грешки, се чувствуваат безбедно да ризикуваат и да бидат доволно отворени за да кажат дека згешиле.

  1. Ги вклучувате сите типови на луѓе и правите психолошки да се чувствуваат безбедно

Во раководењето или лидерската култура со високи перформанси, нема волци самотници. Добрите лидери имаат за цел да создадат разновидна средина на луѓе кои имаат различни начини на работа и гледање на светот. Добрите директори ги елиминираат стравовите и дозволуваат преземање ризици и им овозможуваат на луѓето да се чувствуваат безбедно да ја изразат својата креативност, отворено да ги пренесат своите идеи и да придонесат за големи одлуки. Тие создаваат односи на доверба, а не страв. Овај став им дава чувство на вработените дека “сите сме заедно во ова”.

  1. Покажувате сочувство

Дали вашата природна тенденција е да сакате да им помогнете на другите – да ги ублажите страдањата на луѓето?  Го чувствувате она што другите го чувствуваат, но го подигнувате тоа на повисоко ниво, со тоа што правите се што е во ваша моќ за да ги отстраните пречките кои стојат на нивниот пат. Неодамна објавениот прирачник Oxford Handbook of Compassion Science  опширно документира и потврдува дека “сочувствениот менаџмент” доведува до високи организациони перформанси, иновации, задржување на клиентите и вработените, како и поголема профитабилност.

  1. Отворени сте и транспарентни

Луѓето не се под стрес околу вас и тимската работа не е поткопана затоа што споделувате информации и им дозволуваат на сите да знаат што се случува во секое време. Всушност, студиите покажуваат дека организациите кои ги споделуваат своите привилегирани информации со своите вработени, со кои обично располагаат само извршните директори, ја намалуваат неизвесноста и го ублажуваат стресот околу тоа во која насока оди работењето и зошто. Еден пример на отвореност, можеби малку екстремен за повеќето луѓе во светот на бизнисот, е компанијата која се занимава со оптимизација на социјалните мрежи Buffer. Компанијата ги објавува онлајн, формулите за пресметка на платите, така што секој може да ги види, вклучувајќи ја и платата на извршниот директор Џоел Гаскон.

  1. Ја разбирате човечката мотивација и она што ги инспирира луѓето

Точно е дека доживувањето на позитивни емоции е во основата на човечката мотивација. Затоа, најдобрите лидери добро го разбираат човечкото однесување и она што ги инспирира луѓето да ја вршат својата работа на високо ниво. Компаниите секогаш треба да ги ангажираат или да ја промовираат позицијата на лидерите кои ги препознаваат силните страни, доблестите и талентите на своите вработени. Ќе откриете дека тие се оние кои ја обликуваат работата и доделуваат задачи кои се смислени и имаат цел (надвор од статичкиот опис на работното место) и донесуваат страст и креативност на вработените.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365