Home » Во фокусот » 57% од претплатниците на Нетфликс велат дека веднаш би ја напуштиле платформата доколку би се вовеле реклами

57% од претплатниците на Нетфликс велат дека веднаш би ја напуштиле платформата доколку би се вовеле реклами

Најпопуларната стриминг платформа на светот неодамна ги зголеми цените, но, наводно, размислуваат и за воведување на реклами, но за корисници тоа ќе биде точка после која нема враќање

Според податоците од истражувањето спроведено од Audience Project, 57% од претплатниците на Нетфликс изјавиле дека ќе ја напуштат оваа платформа доколку некогаш воведе реклами.

Истражувањето од четвртиот квартал од минатата година, спроведено во Велика Британија, САД, нордиските земји и Германија, во кое се вклучени 16.000 испитаници, покажа дека повеќето луѓе ќе му завртат грб на Нетфликс, доколку некогаш воведе реклами. Од друга страна, пред да го презентира својот квартален извештај, платформата за стриминг сé уште ги следи ефектите од неодамнешното зголемување на нивните услуги.

Истражувањето покажа дека дури и ако Нетфликс ги намали цените по воведување на реклами, 42% од испитаниците и понатаму би ја откажале услугата. Очигледно, било какви промени во структурата на оваа платформа би претставувале закана за водечката позиција на Нетфликс на пазарот.

Мартин Бентли, комерцијален директор за Велика Британија во Audience Project, вели: “Нашите наоди ја нагласуваат сé поголемата важност на таргетирање и релевантност во рекламирањето. Бидејќи потрошувачите имаат сé поголем избор дали ќе ги гледаат рекламите или не, и емитерите и огласувачите мора напорно да работат за да се осигураат дека кампањите го подобруваат нивното искуство на гледање, а не го намалуваат.”

83% од сите испитаници во Велика Британија сé уште гледаат традиционална телевизија на неделна основа, но 43% велат дека помалку гледаат отколку минатата година. Покрај тоа, 63% од испитаниците изјавиле дека користат други уреди додека гледаат телевизија, што покажува дека навиките сé повеќе се менуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365