battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » 6 чекори во развој на бренд по примерот на Mama`s

6 чекори во развој на бренд по примерот на Mama`s

Автори на текстот се Петар Лазаров и Калин Бабушку, како основачи на Македонија Експорт, воедно и автори на прирачникот Tip of the week кој изобилува со совети за личен и професионален развој. Повеќе информации може да најдете на следниов линк http://macedonia-consulting.com/ или да ја следите нивната FB страна https://www.facebook.com/tipoftheweekPriracnik ….

…..Со овој совет од прирачникот  Tip of the week, ќе Ве воведеме низ процесот на развој на еден бренд (во 6 чекори), придружено со примери од лансирањето на МАМА’с.

mama-s

Чекор 1: Дали сте подготвени за развој на БРЕНД?

Дали го имате вистинскиот тим? Дали ја имате потребната едукација и знаење? Дали ја имате вистинската мрежа на професионални соработници? Колку сте финансиски, физички и ментално подготвени?

Доколку ние почнавме да го развиваме МАМА’с, кога ја отворивме МАКЕДОНИЈА-ЕКСПОРТ, не дека ќе направевме нешто лошо, но сепак искуството од работењето ни овозможи полесно да се справиме со предизвиците при развој и градење на брендот.

Чекор 2: Дали го имате вистинскиот производ? Многу луѓе мислат дека само со масивен и агресивен маркетинг можат да направат секој производ да се продава. Да, тој ќе се продаде, но само еднаш. Маркетингот само дава вредност на производот. За да имате продаван производ, мора да имате, пред сè, квалитетен производ.

Ние 2 години работевме со Тргопродукт (изумителот на МАМА’с вкусот) на тестирање и пронаоѓање на стандардната рецепта, со најприфатлив вкус за сите, најблизок до вкусот на домашните производи

Чекор 3: Развој на Бренд стратегија: Следно е зачнување на брендот, давање карактер на вашиот производ, како и начини, принципи и насоки – како најдобро ќе се развива брендот.

а. Цел и визија на брендот

б. Анализа на пазарот

в. Позиционирање

На финалниот избор кон вистинската насока (МАМА’с) многу влијаеше и врз резултатот од испитувањето на пазарот. Не сретнавме еден човек кој, откако ќе го пробаше производот, прво го фалеше, па потоа велеше „супер е, ама на МАЈКА ми е подобар“.

Чекор 4: Визуелизација на Бренд визуелен концепт – развој на креативно решение: Каков кројач ќе најдете, така ќе изгледате. Следно е „облекување“ на производот. Ако сакате да сте сериозни, мора да играте со сериозни партнери. За да креирате интерес кај купувачите треба да имате квалитетно и привлечно пакување.

Ние, сакајќи да бидеме најдобри, ги ангажиравме најдобрите во регионот – PeterGregsonStudio

Чекор 5: Развој на маркетинг и продажна стратегија:Откако ќе ги завршите сите подготовки, време е за промоција и за продажба, како и анализа на резултатите од пазарот. За да го направите тоа најлесно, претходно мора да направите стратегија и да дефинирате алатки и активности, како најдобро ќе го промовирате и ќе го продадете производот.

Чекор 6: Имплементација (растење на брендот): Колку и да имате добро пакување, колку и да сте смислиле најдобро име, колку и да сте направиле добра стратегија (да сте ги ангажирале најдобрите консултанти), ако немате квалитетен тим, да го имплементира тоа во практиката, резултатите ќе бидат послаби.

Ви посакуваме успех, во развојот и во градењето на вашите производи и брендови. И не заборавајте! Јадете МАМА’с! :)

Со успех во имплементацијата !

 

Оригинално, според бројот на напишани неделни совети во 2010, овој текст беше јубилеен – 50-ти. Тој е посветен и инспириран од лансирањето на нашиот прв бренд – МАМА’с www.mamasfood.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365