Home » Во фокусот » 7 навики на етаблираните ПР професионалци

7 навики на етаблираните ПР професионалци

Што е потребно за да се биде “голем” ПР професионалец ?

Размислете за изреката на Аристотел:

“Ние сме она што постојано го правиме. Да се достигне совршенството, не е само чин туку навика. “

pr

Работата и повторувањето се од суштинско значење за успех во работата со односите со јавноста. Ова се 7те навики на успешните ПР професионалци:

  1. Тие учат. Тие имаат незаситен апетит за сите типови на содржини. Ги истражуваат ‘’големите’’ приказни креирани од врвни новинари. Ги деконструираат приказните на брендовите, и ги анализираат стратегиите за комуникации зад успешни PR кампањи.
  2. Тие се љубопитни. Лицата со интелектуална љубопитност често работат повеќе за своите клиенти. Тие ќе работат на поврзување на точки за да постигнат  вреден увид во податоците. Не грижете се доколку не сте природно љубопитни. Како и мускулната меморија, така и интелектуалната љубопитност може да се развива.
  3. Тие даваат препораки. Фрустрирачки стереотип за PR професионалците е дека тие постојано кажуваат “ДА”. PR професионалците се кооперативни, и посветени на давање препораки  со висок квалитет. Тие на своите клиенти  им ја презентираат реалната слика иако таа е тешка да се се прифати или пак е непрофитабилна.
  4. Тие ја гледаат големата слика. Ја започнуваат кампањата со резултатите кои ќе се постигнат во својата визија. PR професионалците знаат дека “резултатите” мора да вклучуваaт и бизнис цели.
  5. Тие го разбираат бизнисот. Ова е нешто во кое не успеваат многу талентирани PR професионалци. Врвен комуникатор може да го разбере комплетниот бизнис модел на клиентот. Тие знаат како производите стигнуваат до пазарот, како стартапите да се здобијат со средства, како јавните претпријатија генерираат и даваат извештаи за своите приходи и како да го прочитаат билансот на состојба.
  6. Тие слушаат. Слушањето е многу потценета PR вештина. Слушajте ги своите клиенти, членовите на тимот, менторите, професионалците во индустријата и новинарите, од тоа вие само може да научите нешто ново и корисно.
  7. Тие континуирано учат. Морате редовно да ги надградувате и изострувате своите вештини. Можеби дури е потребно и да ги промените и откриете нови за бидете во чекор со трендовите.

    Тоа е она што го прави PR бизнисот забавен и возбудлив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365