Home » Во фокусот » Adobe ја промовираше новата модна линија со принтови од некои од најлошите Stock фотографии

Adobe ја промовираше новата модна линија со принтови од некои од најлошите Stock фотографии

adobe-apparel-hed-2016_Easy-Resize.comАко некогаш сте копнееле за цела колекција класични маици, со принтови од ужасни лиценцирани фотографии како на пример ракување меѓу деловни партнери, среќни стари парови кои се допираат на плажа и слично, тогаш имате среќа.  Погледнете за големини и детали на  Adobe Stock Apparel .

Компанијата за креативни и маркетинг услуги неодамна побара од шведската рекламна агенција Abby Priest соработка за кампања со Adobe Stock , во која се користат помодерни и помалку вулгарни фотографии.

Идејата на Abby Priest беше да посочи, колку новите фотографии се помалку користени за разлика од старите кои веќе дел од  креативците почнаа да ги мразат  – преку создавање на “ограничено издание на линија на облека краток текст и фотографија со која дава почит и поздрав на компаниите за лиценцирани фотографии.”


Погледнете повеќе дизајни за Маички со кратки ракави и џемпери во продолжение:

adobe-apparel-1_Easy-Resize.com adobe-apparel-2_Easy-Resize.com adobe-apparel-3_Easy-Resize.com adobe-apparel-4_Easy-Resize.com adobe-apparel-5_Easy-Resize.com

Креативнит директор на Abby Priest, Оскар (Oskar Hellqvist) зборуваше за облеката и најчесто поставуваните прашања на сајтот на  Adobe. “Ние сакавме да му оддадеме почит на она што беше претходно, да погледнеме уште еднаш наназад пред да оставиме се зад себе и се преселиме во новата ера,” кажа тој.

Исто така додаде: “Некои лиценцирани фотографии го заработиле своето место во историските книги – обично тоа биле класични мотиви кои се пречесто користени и станале клише, а воедно се запомнети како обожавани или здосадени од страна на сите. Ваквиот осврт и дизајнирање на линија на облека со лимитирано издание служат како ненападен, љубезен и неувредлив поздрав од конвенционален карактер. Креативците, веќе го споделуваат знаењето, моќта и хуморот кој е вклучен во овие фотографии. Заради тоа се надеваме дека тие ќе уживаат додека ја носат”

Новости: Adobe за жал сподели дека облеката е достапна само за одредена група луѓе кои се дел од директни маркетинг кампањи. За жал, не е за големопродажба.  

Повеќе фотографии погледнете во прилог:

adobe-apparel-6_Easy-Resize.com adobe-apparel-7_Easy-Resize.com adobe-apparel-8_Easy-Resize.com adobe-apparel-9_Easy-Resize.com adobe-apparel-10_Easy-Resize.com

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365