Home » Во фокусот » Adobe со нова услуга ќе го поедностави креирањето на дисплеј рекламите за креативците

Adobe со нова услуга ќе го поедностави креирањето на дисплеј рекламите за креативците

За дизајнерите, Adobe Advertising Cloud Creative го отстранува тој здодевен аспект на работата: креирање стотици верзии на она што во основа е иста реклама

За многу корисници на интернет, еден од смртните непријатели по нивното корисничко искуство се банерите, така што не е изненадувачки бројот на оние кои се одлучуваат за рекламни блокатори заради овие видови на промоции кои луѓето во најдобар случај ги сметаат за здодевени и иритантни.

Сепак, Adobe има намера да им помогне на маркетерите да ги надминат своите проблеми со банери рекламите со воведување на нова платформа наречена Adobe Advertising Cloud Creative, што е составена од комбинација на повеќе маркетинг алатки на компанијата Adobe, кои ќе го автоматизираат процесот на прилагодување на големината на прикажаните реклами и ќе ја подобрат нивната персонализација.

Имено, кога ќе се променат условите на некоја промоција или самата понуда, веб дизајнерите претходно мораа да поминат многу време да ги променат сите формати на банер рекламите и да ги прилагодат на новите пораки. Сега, со новата платформа, Adobe ги забрзува сите овие промени и го поедноставува насочувањето.

За дизајнерите, Adobe Advertising Cloud Creative го отстранува тој здодевен аспект на работата: креирање стотици верзии на она што во основа е иста реклама

Џастин Мерикел, потпретседател за оптимизирање на медиумите во Adobe, вели дека се надева дека дизајнерите ќе препознаат повеќе помош отколку страв од губење на своите работни места, заради новиот софтвер. “Дизајнерите уживаат во создавање на оригинални креативни концепти, но мразат производство поврзано со дигитални рекламни банери и безброј различни големини и повторувања, кои мора да ги произведат за овие банери”, вели Мерикел. “Иако маркетерите бараат поголема брзина и агилност, навистина не е работа на дизајнерот да ја направи сета оваа продукциска работа”.

Cloud Creative ги комбинира креативните технологии на Adobe кои автоматски внесуваат креатива за рекламите и овозможуваат мали промени со помош на Photoshop. Потоа, специјалните маркетинг алатки на оваа компанија овозможуваат подобро таргетирање на публиката со податоците од платформата Adobe Analytics. Клиентите потоа можат да извршат закуп на реклама преку услугата TubeMogul, која Adobe ја купи во 2016 година за 540 милиони долари.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365