Според годишниот извештај RECMA, IPG Mediabrands SEE, односно агенциите UM Белград, UM Загреб и UM Софија, кои работат во рамките на I&F McCann група, се рангираа меѓу водечките три медиски агенции на пазарите во Србија, Хрватска и Бугарија, единствените земји во регионот опфатени со ова истражување.
“Како тим, а и јас лично, многу сме горди што UM агенциите на овие многу важни пазари, се рангирани меѓу првите три медиумски агенции. Успехот е уште поголем ако се има во предвид што како медиумска група, IPG Mediabrands SEE е исто така рангирана на самиот врв. Истражувањето RECMA и ранг листата се потврда за флексибилноста, претприемништвото, развојот на услуги и дигитални ресурси и иновативноста на медиските агенции, а тоа е токму она што го прави агенциите UM препознатливи. Задоволни сме со овој успех и ќе се трудиме да ја постигнеме водечката позиција како на овие три, така и на другите пазари во Југоисточна Европа на кои работиме, а кои не беа опфатени со ова истражување“, вели Дарко Лукиќ, извршен директор на IPG Mediabrands SEE.
RECMA е независна компанија која на глобално ниво врши истражувања на тема работењето на медиските агенции. Овие истражувања се стратешка алатка за најголемите светски огласувачи и често се решавачки при изборот на медиска агенција со која ќе соработуваат. Со истражувањето се опфатени повеќе од 1.400 медиумски агенции во 90 земји. Годишната ранг листа се реализира преку три годишни проценки во 45 земји и се базира на 18 критериуми кои го оценуваат потенцијалот на агенцијата во однос на успехот на питчевите, трендовите во развојот на бизнисот, бројот на вработени и награди на фестивалите, дигиталните ресурси и спектарот на услуги, кои вклучуваат креирање на содржини и способноста на агенциите успешно да соработуваат со големите клиенти и локални огласувачи на долг рок.