Home » Во фокусот » Агенцијата Nova Solutions од Битола доби награда од светскиот гигант Ericsson

Агенцијата Nova Solutions од Битола доби награда од светскиот гигант Ericsson

Македонскиот тим „Farmarket“ го освои второто место за најдобра мобилна апликација доделена од светскиот бренд Ericsson.

Наградата во Стокхолм, Шведска ја примија Игор Мишевски и Гордана Мишевска, сопственици на агенцијата „Nova Solutions” од Битола која ја изработи апликацијата „Farmarket”.

Игор Мишевски и Гордана Мишевска, сопственици на „Nova Solutions”

Игор Мишевски и Гордана Мишевска, сопственици на „Nova Solutions”

Тимот „Farmarket“ го предводат претприемачот и иноваторот Мишевски и неговиот партнер, Александар Балаловски, програмер за мобилни апликации, кои се и главни креатори на апликацијата. Оваа апликација ќе го премости јазот меѓу локалните купувачи и производителите на прехрамбени производи. Farmarket е иновативно решение кое ги поврзува семејствата, компаниите и рестораните со локалните фармери, обезбедувајќи едноставна нарачка на свежи прехрамбени производи. Бизнис потенцијалот на самата апликација е голем, бидејќи може да функционира во целиот свет.

 „Наше мото е дека постојано треба да иновираме и да излегуваме од комфорната зона за да креираме производ кој ќе биде корисен за целната публика. Во оваа фаза, Farmarket се уште е во развојна фаза, а ние забрзано бараме инвеститори кои би помогнале побрзо да ја лансираме апликацијата на пазарот“, вели Игор Мишевски, иноватор на апликацијата.

 Според Балаловски, развојот на Андроид апликација не е како останатиот развој на апликации.

 „Развојот на Андроид апликациите не е сувопарен и едностран, туку е брз и динамичен и се менува секојдневно. Андроид како платформа или ја сакаш или воопшто не ти се допаѓа. Не постои средина кога на Андроид се гледа од технички аспект во смисла на разбирање и манипулирање со платформата “ – изјави Александар Балаловски, главен програмер на Farmarket и Андроид ентузијаст.

 Според него, модерните платформи овозможува лесно „произведување“ на стручњаци од областа (не само за Андроид, општо) кои со, не многу искуство, решаваат работи на начин на кој крајниот корисник или не знае или не го интересира, заради тоа што за нив најбитна работа е колку тој софтвер им го олеснува животот.

 „Едно вакво решение е и Farmarket. Решение за кое на почетокот бев скептик, а сега со оглед на околностите и побивањето на мојата скепса, сѐ повеќе и повеќе верувам. Не постои револуционерно решение за магично решавање на потребите, потребна е само амбиција и малку труд. Другите работи си се слеваат сами една по друга“, вели Балаловски.

Ericsson Applications Award е награда со глобалната конкуренција  во две главни категории: една за студенти и друга за компании. Оваа година натпреварот беше со тема “Апликации за работниот век” и наградените апликации беа избрани според следниве критериуми: бизнис потенцијал, иновативно решение и технички функционалност.

За „Nova Solutions

 Оваа македонска агенција е лоцирана во Битола и работи во полето на веб маркетингот. Главни услуги на компанијата се изработка и водење на веб страни, интернет маркетинг кампањи и е една од водечките компании за социјални медиуми во Македонија. Во 2013 година беше прогласена за најдобар нов бизнис од манифестацијата „Најуспешни Битолчани“.

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365