Home » Во фокусот » Агенцијата Ogilvy со нова организациска структура и визуелен идентитет

Агенцијата Ogilvy со нова организациска структура и визуелен идентитет

Агенцијата Ogilvy најави темелно преструктуирање и ребрендирање, правејќи ја на тој начин најголемата трансформација во 70-годишната историја на агенцијата.

Во објаснувањето на таквиот потег, извршниот директор Џон Сеферт, изјави:  “За да ги задоволиме променливите потреби на нашите клиенти, преземаме храбар чекор во редефинирање на нашата компанија и изградба на нов модел за нашата индустрија.”

Агенцијата објаснува дека “новиот Ogilvy” ќе има има унифицирана структура, која ќе ги поврзува дигиталните гранки на OgilvyOne, Ogilvy Advertising и Ogilvy PR под матичната организација Ogilvy Group, со цел да одговори на потребата за интегрирани маркетинг решенија преку систем кој се потпира на пет столба.

Прво, новата организациска структура ја менува традиционалната структура на различните дисциплини во 12 различни “занаети”, кои се поделени во шест основни насоки: бренд стратегија, огласување, ангажирање на клиенти и трговија, односи со јавноста и инфлуенс активности, дигитална трансформација и партнерства.

Вториот е проширената консултанска понуда која се разви од работењето на огранокот OgilvyRed. Наречен Ogilvy Consulting, овај нов аспект работењето на агенцијата, ќе обезбеди консултантски услуги во областа на дигиталните трансформација, растот, дизајнот и иновациите.

Третиот е глобалната дигитална платформа Connect, формирана за да им помогне во споделување на знаење, професионален развој и вмрежување на заедницата во целата мрежа на Ogilvy.

Четврто, воспоставен е нов модел на партнерство. Од агенцијата изјавија: “Ова ќе осигура дека разновидноста на нашето лидерство – на сите пазари, капацитети и генерации- подобро го претставува нашиот бренд, денес и во иднина.”

Петто, веб сајтот на агенцијата Ogilvy и визуелниот идентитет поминаа низ темелен редизајн. Во новиот идентитет, направен со помош на независната дизајнерска куќа Колинс, логото е поедноставено. Нијансата на црвена боја која се поврзува со брендот Ogilvy сега е пожива, во нова Пантон нијанса, со соодветна палета на сива, розова, сина и жолта боја. Фонтовите на агенцијата исто така се прилагодени и сега се нарекуваат Ogilvy Serif и Sans. Веб страницата на компанијата има нови минималистички интерфејс кој агенцијата го опишува како “динамична дестинација, што укажува на широчината и длабочината на креативна работа, талентот и лидерството” на агенцијата.

Tham Khai Meng, новиот главен креативен директор на Ogilvy Grоup, изјави: “Нашата креативност е темел на глобалната мрежа Ogilvy и претставува наша најмоќна конкурентна предност. Градиме врз креативното наследство на Дејвид Огилви, со цел да ја зајакнеме нашата иднина “.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365