Home » Во фокусот » Акциите на Најк паднаа по објавувањето на нивната кампања!

Акциите на Најк паднаа по објавувањето на нивната кампања!

Акциите на Најк паднаа за два отсто во вторникот, откако повиците за бојкот на гигантот за спортска облека добија замав на социјалните мрежи, бидејќи Најк го избра Колин Каперник за заштитно лице на рекламната кампања, со која се обележува 30 години на слоганот „Just do it“.

Кризата дополнително се прошири кога луѓето почнаа јавно да ги палат Најк патиките. Дел од нив повикуваат на бојкот на Nike, а многумина го шират хештагот #JustBurnIt, обратно на слоганот на спортскиот бренд “Just Do It“.

Поранешниот играч на Сан Франциско,  Колин Каперник кој е првиот играч на NFL кој клекна за време на интонирањето на националната химна во знак на протест против расизмот, постави негова црно-бела фотографија на социјалните мрежи во понеделникот, прикажувајќи го логото на Најк и слоганот „Just do it“, со текст: “Верувај во нешто. Дури и ако тоа значи да се жртвува сè. “

“Најпрвин, @NFL ме натера да изберам помеѓу мојот омилен спорт и мојата земја. После тоа @NFL ме натера да изберам помеѓу моите омилени патики и мојата земја. Од кога американското знаме и американската химна станаа навредливи? Напиша на твитер корисникот @ sclancy79 кој е ретвитуван 16.000 пати.

Најк, кој во понеделникот потврди дека Каперник е дел од кампањата и го нарече “еден од инспиративните спортисти на својата генерација”, засега не ги коментираше случувањата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365