Home » Во фокусот » “ Ако само набљудуваш – исто како да злоставуваш “

“ Ако само набљудуваш – исто како да злоставуваш “

(РЕГИОН) – Хрватската Агенција Senor , за својот клиент “Храбри Телефон“ (советодавна линија која нуди помош и поддршка на злоставувани деца), реализираше едноставна и многу ефективна кампања со само еден билборд, која предизвика внимание во хрватските и регионалните медиуми и многу позитивни коментари од маркетинг колегите.

Предизвик:

Злоставувањето на деца се случува секојдневно, често и пред очите на набљудувачите. За жал, и со сведоци, често поминува непријавено. Иако злоставувањето е препознато како друштвено неприфатливо, од разно-разни причини (страв од злоставувачот, линија на помал отпор, “не е мој проблем“), сведоците често ја вртат својата глава. Токму тие се целта на оваа кампања, со која агенцијата Senor, сака да ги опомени дека не чинењето ништо е речиси исто штетно како и соучествување.

Решение: 

Како што велат од Senor, убавите кампањи помагаат, но луѓето понекогаш треба  и да…… се просветлат.

Со едноставна интервенција на класичен медиум, со помош на светло со сензор, минувачите се ставени во улога на соучесници и соочени со последиците на игнорирање на проблемот: Ако само набљудуваш, исто како да злоставуваш !

погледнете: 

Креативен директор и копирајтер: Вања Блуменшајн
Акаунт директор: Ива Калигариќ
Дизајн: Имелда Рамовиќ / Ивана Рубељ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365