Home » Во фокусот » Нилсен: Ако Ви се допаѓа ТВ програмата што ја гледате – ќе ги запаметите и рекламите

Нилсен: Ако Ви се допаѓа ТВ програмата што ја гледате – ќе ги запаметите и рекламите

Благодарение на Нилсен кои направија едно извонредно истражување на над 70,696 ТВ реклами емитувани на 6,777 ТВ емисии на 34 мониторирани ТВ станици во период од три години (2009-2012), уште еднаш се потврди фактот дека : “Квалитетот на содржината каде оди рекламата е најважен“. Истражувањето покажа дека за секои 2% зголемување на интензитетот на приврзаност на гледачите за една ТВ емисија, огласувачите можат да очекуваат 1% подобрување на индексот на запаметување на рекламите кои одат во неа (ad memorability) или со прости зборови кажано: Што повеќе личноста сака една емисија – толку поверојатно ќе ги запамети и рекламите што одат како нејзина придружба. А што повеќе рекламата се забележува – таа ќе донесе и поголем профит !

Чим ја забележуваш – ќе се сетиш и ќе ја побараш и во продавница :) .

Ова се добри вести за помали ТВ Проекти кои имаат силно приврзана публика. Иако тие немаат голема публика (релативно кажано)  имаат силно приврзани гледачи кои е многу веројатно дека редовно ќе ги следат, ќе ги видат, ќе ги запаметат и ќе ги купат производите кои се огласуваат кај нив. Тоа е многу важно и значи дека е многу паметно огласувачите да посветат внимание на нив (проекти со публика која е многу приврзана за содржината) отколку на ТВ проекти кои имаат голема публика – но,  која не им обрнува многу внимание и која не е силно поврзана со содржината. http://www.nielsen.com/us/en/newswire/2013/you-are-what-you-watch–the-importance-of-engaging-tv-shows-to-a.html

Автор Борис Ефтимовски

Борис е маркетинг и ПР професионалец, основач на Маркетинг365. Во своето работно портфолио, вклучува работни ангажмани за повеќе домашни и интернационални мали, средни и големи компании каде бил вклучен како маркетинг/ПР менаџер или консултант. Доколку Ви е потребна асистенција или консултација за Вашите маркетинг, ПР или продажни активности пишете му на: boris@marketing365.mk

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365