Home » Во фокусот » Ако Фејсбук постоеше во 1914

Ако Фејсбук постоеше во 1914

DDB Париз во склоп на нивниот ангажман за Museum of the Great War (Historial de la Grande Guerre) ја работеа кампањата “Facebook 1914“ каде преку ФБ профилот на Leon Vivien секојдневно ја “доловуваа“ атмосферата од периодот за време на Првата светска војна.

На профилот  со месеци секојдневно се објавуваа историски содржини кои Leon Vivien, “29 годишен наставник кој заминува на бојните полиња“,  “ги постираше“ и кои ја доловуваа неизвесноста и стравот кои војната ги носела кај луѓето и нивните најблиски.

1 година историја – раскажана низ призмата на човечка,животна приказна.

Извонредна кампања која донесе одлични резултати. За неколкупати ја зголеми интеракцијата меѓу Музејот и граѓаните, на интересен начин ги заинтересира за случувањата за време на Првата Светска војна и што е најважно во голем број ги мотивираше директно да одат и да го посетат музејот.

За мене лично, еден од фаворитите на Cannes Lions !

Погледнете го видеото од оваа кампања:

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365