battlestar-galactica-mk-630x90
Home » Во фокусот » Активна и пасивна улога на packaging – Malibu & Bacardi студија

Активна и пасивна улога на packaging – Malibu & Bacardi студија

Некои од Вас можеби се запрашале зошто има дизајнирано палми и залез на сонцето на шишето рум со потекло од Карибите – Malibu ? Продолжете да читате…

malibu 2 active packaging

Во суштина се работи за улогата на packaging во развојот на брендот (brand development) и неговата моќ дирекно да креира бренд асоцијации (brand associations) врз потрошувачите.  При самото дизајнирање на палми и зајдисонце,  улогата на packaging станува активна. Тоа значи дека потрошувачите си креираат дирекно преку палмите и зајдисонцето асоцијации поврзани со овој бренд, кои што можат да бидат доволно силни за да се стимулира купувањето на брендот.  Асоцијациите кои што можат да бидат побрзани со Malibu се водење на релаксирачки, тропски, егзотичен живот.  Сепак, активната улога на pakcaging на Malibu може да доведе и до мали трошоци за комуникација особено за advertising бидејќи палмите и зајдисонцето се доволно моќни да создадат brand image.  Активната улога на Malibu packaging доведува и до она што се нарекува brand recall, кој што е составен дел од brand awareness.

Па така, кога одиме на одмор во некое тропско и егзотично место, голема е веројатноста дека ќе се потсетиме на овој пијалок доколку го имаме претходно забележано во некој маркет или продавница.

Пасивната улога на packaging може да доведе до мал број на асоцијации или воопшто да не се создаде brand meaning.

Бакарди - пасивен packaging

 

Таков е случајот со румот Bacardi чиј што packaging не игра некоја голема улога во креирањето на асоцијациите за брендот.  Во овој случај, името на брендот Bacardi може да доведе до креирање на бренд асоцијации но тоа не е доволно за да се постигне вистинската слика за брендот. Затоа за комуникација на овој бренд ќе бидат потребни повеќе средства особено за advertising со цел да се создаде brand image.

Автор Душан Пецов

Душан учестувал на повеќе маркетинг проекти во Македонија и Франција каде што успешно ги завршува студиите по маркетинг и со што се стекнува со интернационално искуство. Се интересира за Меѓународен Маркетинг, Глобален Маркетинг, Бренд Маркетинг, Brand Equity и Sponsorship.

ФБ Коментари

comments

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

Marketing365 Marketing365 Marketing365