Home » Во фокусот » Александра Дилевска и Василије Ќорлука од Кан : “Горди сме на нашиот исклучителен тим. Кан е само уште една потврда за нивниот светски квалитет“

Александра Дилевска и Василије Ќорлука од Кан : “Горди сме на нашиот исклучителен тим. Кан е само уште една потврда за нивниот светски квалитет“

Топ вест која одекна денеска од Кан, срцето на светската креативност каде деновиве се оддржува 63-тото издание на најголемиот светски адвертајзинг фестивал Cannes Lions, е дека кампањата која произлезе од креативниот тим на Сачи&Сачи Скопје, дел од Публицис Македонија засега освои 3 кански лавови (една злато и две сребра). Велиме засега, бидејќи наредниве денови следуваат уште три наградни церемонии од фестивалот, а кампањата Sea Hero Quest обезбеди пласман во финалето (што само по себе е неверојатен успех) уште во неколку други категории, па реални се очекувањата дека контото на освоени награди уште повеќе ќе се зголеми.

Овој неверојатен успех е уште една потврда дека македонската креативна сцена може да се носи рамо до рамо со светската креативна елита, и уште повеќе, да доминира, освојувајќи ја повеќекратно најрелевантната и најпрестижната награда во маркетинг индустријата.

Мора да признаеме, возбудата беше голема кај нас и не можевме да дочекаме да чуеме како се чувствуваат Александра Дилевска – Извршната директорка на Публицис и Василије Ќорлука – Извршениот креативен директор на тимот од кој потекна целата идеја и концепт за оваа кампања, па денеска ги побаравме директно во Кан да ни споделат за нивните импресии после преспиената ноќ.

Горда сум на нашиот тим што  создаде исклучителна идеја која ги надминува нашите географски граници. Тоа секогаш ни било амбиција и среќна сум што го постигнуваме тоа – овој пат со признание на Канскиот фестивал“ – вели Александра Дилевска во изјавата за Маркетинг365 и надополнува: “ Ова е одличен пример за соработка и синергија на локалниот тим со интернационалната мрежа на  голем интернационален клиент како Дојче Телеком, со што наша локална идеја доби голем импакт и глобален scale. Sea hero quest e игра која ја играат милиони и истовремено придонесуваат за добра цел. Нас ни е важно дека оваа идеја го обединува во себе најдоброто: креативност и иновативност која е длабоко вкоренета во вредностите на брендот на клиентот, одлична продукција, cross- border соработка, светски експерти и научници, и реални резултати за клиентот и за поширокото општествено опкружување.“

Александра Дилевска, извршен директор на Публицис и Василије Чорлука, креативен директор

Александра Дилевска, извршен директор на Публицис и Василије Ќорлука, Извршен креативен директор

Василије Ќорлука, Извршниот креативен директор во тимот на Сачи&Сачи Скопје, од чии редови произлезе идејата и концептот за кампањата, ни сподели малце повеќе за тоа како настана  Sea Hero Quest:

Како резултатат на нашата долгогодишна успешна работа за Телеком во Македонија, кој е дел од Deutsche Telekom, македонскиот офис на Saatchi&Saatchi доби шанса да работи на интернационален бриф со кој на иновативен начин ќе се домонстрира моќта на DT мрежата, но уште поважно и моќта на споделувањето меѓу луѓето.  На истиот бриф паралелно работеа повеќе од 20 други канцеларии S&S и DDB низ целиот целиот свет, од Лондон, преку Берлин, до Јоханесбург и Дубаи. Идејата која се роди на една од нашите креативни сесии беше едноставна, но веднаш го привлече вниманието на остатокот од интернацоналниот креативен тим – Што ако направиме мобилна игра која во исто време помага да се реши некој од водечките проблеми на човештвото? Што ако само еден мал дел од 6те милијади часови кои човештвото ги поминува играјќи игри секоја недела, се искористи за добро? Тоа беше сржта на нашата идеја за кампањата #GOODGAMEвели Василије видно возбуден и надополнува: “По заеднички консултации, решивме дека токму Деменцијата, како брзо растечки проблем со кој се соочуваат скоро 50 милиони луѓе во светот, треба да биде нашата тема. Дополнително, Деменцијата е болест ги уништува сеќавањата на луѓето, што е во директна спротивност со суштината на DT брандот – Сподели доживувања. Неколку дена после тоа од макетинг тимот на DT во Бон, дознав дека им биле презентирани вкупно 35 идеи од кои на крајот токму нашата идеја беше одбрана да се рализира.“

Другото е историја. Следуваа повеќе од 15 месеци напорна работа, неверојато залагање на креативците од S&S во Лондон со кои заеднички се оформи тим од врвни научници во полето на Деменцијата, врвно студио за развој на мобилни игри, универзитети, истражувачки центри и други институции се со цел да се добие игра која е интересна и забавна, но која во исто време генерира податоци кои им помагаат на научниците во борбата против Деменцијата.

Нашиот креативен тим го сочинуваат исклучително памети и вредни момци и девојки!

Реалниот импакт на проектот е нешто на што Василије Чорлука е особено горд а оваа награда е заслуга на целиот тим на Сачи&Сачи : “Она што ме прави навистина горд и што беше признаено на овогодинешниот фестивал во Кан е дека SeaHeroQuest е реален проект, со реално и далекусежно влијание. Ние во адвертајзингот не секогаш ја користиме можноста што ја имаме, а тоа е да направиме нешто што навистина ќе го смени светот на подобро. Затоа овој проект навистина ми значи! – вели во неговата изјава за Маркетинг365 и надополнува:  “Веќе во првите неколку дена на фeстивалот, освоивме неколку сребрени и еден златен лав – се надевам дека ова ќе биде најдобра препорака за нас и за нашите клиенти, што повеќе да работиме на проекти и кампањи кои ќе направат реална разлика во животот на луѓето. За нас е важно што се уверивме дека еден мал но квалитетен креативен тим во Скопје, кој го сочинуваат неколку паметни и исклучително вредни момци и девојки, може да понуди квалитетни идеи кои без проблем се “носат” со најдоброто во светот во нашата фела. “

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365