Home » Во фокусот » Алибаба отвара логистички центар во Белгија

Алибаба отвара логистички центар во Белгија

Договорот потпишан во Белгија ќе им овозможи на европските претприемачи да најдат полесен пристап до кинеските потрошувачи

Кинескиот гигант за електронска трговија Алибаба, потпиша договор за партнерство со белгиската влада, во рамките на кој ќе го создаде својот прв логистички центар во оваа земја, како и други иницијативи насочени кон олеснување на прекуграничната трговија.

Согласно Меморандумот за разбирање потпишан минатата недела помеѓу белгискиот заменик-премиер и високи претставници од Алибаба, Белгија стана првата земја во Европа која ќе се вклучи во платформата на Алибаба, еWTP (Electronic World Trade Platform).

Според заедничката изјава, иницијативата првенствено е насочена на малите и средните претпријатија за да им помогне да ја зголемат нивната конкурентност при продажба на кинеските потрошувачи.

Џек Ма, основач и извршен директор на Алибаба, предложи изградба еWTP платформа во 2016 година, а идејата е оваа платформа да биде алатка за развој на глобалната е-трговија преку споделување на технологии и добри практики, вклучувајќи и маркетинг.

Од тогаш, на програмата се приклучија Кина, Малезија и Руанда, а Алибаба се обидува да отвори низа на вакви центри во целиот свет за да овозможи платформата да делува како “капија во Кина” за меѓународните брендови.

Откако Белгија стана првата европска земја што ќе учествува во програмата, генералниот директор на Алибаба, Даниел Џанг посочи дека 98 проценти од европските компании се мали и средни претпријатија, како и дека ова ново партнерство ќе ги подобри трговските можности за нив во цела Европа.

Од друга страна, белгискиот премиер Чарлс Мишел изјави: “Драго ми е што имам можност да го поздравам доаѓањето на еWTP во Белгија и заложбата на Алибаба за подобрување на конкурентноста на белгиските и европските компании на глобално ниво во рамките на ова партнерство. Учеството во eWTP ја нагласува визијата на нашата земја да им помогне на локалните мали и средни претпријатија да бидат поконкурентни на светскиот пазар во дигиталната ера. Ова е можност не само за малите претприемачи и младите луѓе во Белгија, туку и во цела Европа”.

Според условите на договорот, логистичкиот огранок на Алибаба ќе отвори логистички центар од 220.000 квадратни метри на аеродромот во Лиеж, кој ќе го олесни извозот за мали и средни претпријатија.

Покрај тоа, Алибаба најави тесна соработка со белгиските регионални трговски и инвестициски агенции за промоции на производи, маркетинг и директен увоз на белгиски стоки преку платформата на Алибаба.

Дел од договорот е и тесна соработка на нови технологии, како што е дигитализацијата на царинските постапки, како и напорите за промовирање на Белгија како туристичка дестинација за кинеските туристи.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365