Home » Extra 5 » Amazon Fashion ”сега доставува мода” низ Европа и САД

Amazon Fashion ”сега доставува мода” низ Европа и САД

Аmazon е најголемата онлајн продавница на облека во САД, благодарение на огромните количини на пристапни основни парчиња на облека и системот на испорака на нарачаните добра. Amazon веќе не се задоволува само со освојувањето на масовниот пазар, овој интернет гигант сега сака да доминира и на страната на брендираната мода а за таа цел креира и меѓународната рекламна кампања со цел зголемување на својата моќ .
13141016_f520
Ексклузивниот свет на модата на писта, можеби на прв поглед на одговара на природата на високиот обрт на Амазон, сконцентриран на културата на големи попусти, но затоа пак спотот, креиран за независната продавница Joint London, умно ткае приказна за дизајнерска облека и бескомпромисен стил на оваа платформа. Оваа кампања стана доста популарна оваа недела во САД, а започна да се емитува минатата недела и во Европа.

Овој спот прикажува манекенки облечени во стилови од најновата модна сезона како носат Amazon пакети во градски, приградски и руралните адреси, носејќи ја секоја испорака како да парадираат по должината на модната пистата на шоу на ‘’Модната недела во New York’’.

Во потег што изгледа како да се издигнува логото на Амазон (во форма на ‘’смајли’’над статусот на Најк ” штиклирајте”, американската верзија на спотот се фокусира на промовирање на изреката ” сега доставуваме мода “.

amazon-fashion
Рекламата не е насочена  само кон дизајнери, туку и кон клиенти, во обид да ја разубеди разновидната публика дека во Amazon има место за светот на модата.

Многу големи имиња веќе се на листата на Amazon: започнувајќи од познати дизајнери како  Marc Jacobs, Zac Posen и Kate Spade, на сајтот Amazon сега може да се набави и часовни од брендот Cartier кој вреди  со испорака уште за следниот ден.

Присуството на  брендови како француски Connection, Levi’s како и Esprit, кои повеќе се ориентирани кон купувачите со средни примања  исто така, помагаат Amazon да се позиционира на пазарот  како алтернатива на трговски центар.

Брендовите може да ги креираат своите излози и да преземат контрола до одреден степен, иако дизајнот се уште е предводен  од  страна на Amazon.

Агенцијата Arc Worldwide на Amazon работи со брендови како Procter & Gamble со цел да создаде продавници за своите повисоки класи на брендови да бидат достапни низ целиот свет преку  Amazon.

Иан Томас, управен директор  на Arc Worldwide во Лондон,  изјави : “целокупното корисничко  искуство не е се уште толку добро колку што би можело да биде во овој момент, се e натрупано сеуште, така што е тешко да се пронајдат ‘’подобрите работи’’. За да биде успешна оваа кампања  потребно е време за да се добие на квалитет, но јас мислам дека тоа време наскоро ќе дојде. Амазон е најпосакувана опција за речиси секого во овој момент,  корисниците веќе имаат други налози, а за повеќето брендови веќе прибрани се одредени податоци што како процес Amazon го прави тоа подобро од останатите на пазарот’’.

Само во САД онлајн продажба на облека преку Амазон  за 2015 изнесувала повеќе од $ 16 милијарди долари минатата година – што е повеќе од  приходите на Macy’s, Nordstrom, Kohl’s, Gap, како и Victoria’s Secret L Brands – во согласност со податоците добиени од  Internet Retailer.

Дури и кога се работи за продажба зад ‘’тули и цемент’’ во рамките на фактичките продавници, Амазон се уште доаѓа на седмото место во ранг-листа на САД кога станува збор за модата. Со својот удел на пазарот на САД се очекува да достигне 19% до 2020 година, за разлика од од 7% во 2015 година, како што е соопштено од страна на Блумберг.

Amazon остануваат фокусирани на својата мисија, а во поново време и фокусирани на етаблирање на Amazon Fashion како бренд.
Кога станува збор за модата, во согласност со кампањата,  оваа година Амазон ја спонзорира модната недела за мажи во Њујорк , Индиската Модна недела, а успеа и да ја  преименува Модната недела во  Токио Модна недела,  сега позната како Амазон Модна недела во Токио.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365