Home » Во фокусот » Амазон го надмина Мајкрософт на листата на највредни компании во САД

Амазон го надмина Мајкрософт на листата на највредни компании во САД

Амазон го надмина Мајкрософт на листата на највредни компании во САД со чии акции се тргува јавно, откако превирањата на берзата доведоа до промени во листата на американски корпорации.

Промената на врвот се случи откако акциите на Амазон се зголемија за три отсто и ја зголемија пазарната вредност на гигантот на интернет трговија на 797 милијарди долари. Акциите на Мајкрософт пораснаа за помалку од еден отсто, со што пазарната вредност на произведувачот на софтвер изнесува 784 милијарди долари.

Со тоа Амазон за прв пат е највредна американска компанија со акции на берзата, а ставен е крај на краткото враќање на Мајкрософт на врвот, откако го надмина Епл во ноември.

Превирањата се предизвикани од загриженоста дека трговска војна на администрацијата на Трамп со Кина и зголемувањето на референтните камати ќе ја успори светската економија. Ако тоа се случи, најверојатно, ќе го забави растот на компаниите во технолошкиот сектор и другите гранки на индустријата кои имаат голем дел од приходите надвор од САД.

Ова е една од причините зошто многу акции на технолошките компании се далеку под нивните рекорди. Амазон, на пример, е 21% под рекордот поставен во септември, кога нејзината капитална вредност беше над 1.000 милијарди долари.

Епл тогаш вредеше повеќе, но акциите на компанијата изгубија 37% од вредноста во октомври, односно околу 400 милијарди долари во пазарна вредност.

Епл ги потврди некои од најлошите стравови на инвеститорите кога минатата недела предупреди на разочарувачка побарувачка на iPhone-и, особено во Кина, поради што приходите во последниот квартал се далеку помали од проекцијата на управата и аналитичарите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.

Marketing365 Marketing365 Marketing365